Блокирани двете ленти кај „Рекорд“ кон „Палома Бјанка“ поради сообраќајка
Сообраќајна несреќа се случила кај „Рекорд“ во Скопје, на потегот од „Триумфална“ кон „Палома Бјанка“.Поради несреќата, блокирани се двете сообраќајни ленти, поради што во моментот се создава голем метеж и сообраќајот се одвива отежнато.Засега нема информации за тоа како настанала несреќата, ниту дали има повредени лица.
Скопје | пред 3 часа