Со 2,22 промили алкохол агресивно се однесувал кон сопругата
Седумдесет и двегодишен жител на гевгелиско село бил приведен по пријава дека агресивно се однесувал кон својата 60-годишна сопруга, а алкотестот покажал 2,22 промили алкохол во организмот.Случајот бил пријавен на 13 ноември, по што полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода мажот.По извршеното алкотестирање, тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава
Македонија | пред 48 минути