„Формално боледување, неформално оставка и бегство од Карпош“, вели Јакимовски за Лурковски
Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе со серија обвинувања кон актуелниот градоначалник Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека зад официјалното образложение за „боледување“ се крие фактичко заминување од функцијата.Јакимовски реагира откако од Општина Карпош соопштија дека Лукровски не поднел оставка, туку е привремено отсутен поради здравствени причини, додека неговите надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.„Ова не е боледување. Ова е бегство од Карпош. Ова е незаконско купување време“, напиша Јакимовски.Тој прашува зошто, ако станува збор само за боледување, од Општината барале Лукровски да биде избришан како одговорно лице во Централниот регистар и на негово место да биде впишан заменикот.„Нормално, ваквата глупост службениците од Централниот регистар ја одбиле, со јасно образложение: Општина Карпош има актуелен градоначалник“, тврди Јакимовски.Дополнително, тој посочува и на, како што наведува, обид за промена на потписници во Трезор, како и раздолжување на службеното возило што го користел Лукровски.„Ако е боледување, не се брише градоначалник од Централен регистар. Ако е боледување, не се менуваат потписници како човекот да заминал засекогаш. Ако е боледување, не се раздолжува службено возило“, наведува Јакимовски.Според него, оставката на Лукровски се најавувала со месеци и за тоа, како што тврди, бил запознаен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.„Формално — боледување. Неформално — оставка. Партиски — купување време. Правно — импровизација“, пишува Јакимовски.Тој ја обвини владејачката партија дека со „правни акробации и партиски маневри“ се обидува да ја прикрие состојбата во Општина Карпош.Од Општина Карпош претходно соопштија дека институцијата функционира непречено и апелираа за почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство.
Коментари | пред 5 часа