Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

СТАРО НАГОРИЧАНЕ

media-libraryb4qo0tcifdlm6AcbCOF

(Видео) „Трајчо не е виновен, селаните ни љубоморат затоа што имаме 250 овци“, се огласи мајката на лицето осомничено дека е сериски убиец во кумановско

Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце не сакала да застане пред камера, но во изјава за Радио Бум тврдела дека нејзиниот син не е виновен за делата што му се ставаат на товар.Според медиумот, таа навела дека нејзиниот син имал психички проблеми, тешко комуницирал и дека го носела на лекар. Вели дека напасувал овци, бил мирен и повлечен, но дека мештаните биле љубоморни затоа што семејството имало 250 овци. Според неа, селаните често го пријавувале во полиција за наводни кражби.„Под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен“, тврди мајката, изразувајќи страв дека истрагата може да доведе до изнудено признание.Од друга страна, дел од жителите на Драгоманце и Челопек, според истиот медиум, сметаат дека осомничениот не можел сам да ги испланира и изврши убиствата. Претседателот на месната заедница во Челопек, Стојан Станковски, изјавил дека мештаните се „под клуч“ и дека владее страв за безбедноста.Соседот на семејството, Трајче Спиридоновски, тврди дека со години имал проблеми со нив и дека осомничениот го нападнал и него.Истрагата за двојното убиство е во тек. Надлежните институции засега не изнесуваат детали за можни соучесници, ниту за психичката состојба на осомничениот.

Настани | пред 2 седмици

media-library6vvs5bqpc9ib048vNwb

(Видео) Од погреб за „природна смрт“ до ексхумација: Марија е втора жртва во случајот од Драгоманце, таткото сведочеше јавно дека се плаши

Стравот бил последното чувство што го споделила 35-годишната Марија Маринковска со своето семејство. Во последниот телефонски разговор, исполнет со паника и претчувство за најлошото, таа му рекла на својот брат дека некој ѝ тропа на вратата и дека многу се плаши.Ова се деталите од потресното сведоштво на нејзиниот татко, Зоран Маринковски, чие семејство поминало низ двоен шок – од погреб со уверување дека станува збор за природна смрт, до страшната вистина откриена по ексхумацијата.„Ја баравме на телефон на 18 јануари, не се јави. Последен жив ја слушна нашиот син. Му кажала дека некој ѝ тропа на врата и дека многу се плаши“, раскажува низ солзи Маринковски.Семејството првично верувало дека причината за смртта се здравствени компликации поврзани со алкохол. Сепак, по сомнежите што се појавиле и текот на истрагата, било наредено телото да биде ексхумирано 40 дена по погребот.Обдукцијата покажала дека Марија не починала природно, туку станува збор за насилна смрт. Со тоа, таа се вбројува како втора жртва во истрагата поврзана со 25-годишниот осомничен од Драгоманце, за кого се води постапка под надлежност на Основно јавно обвинителство Куманово.Според тврдењата на таткото, Марија подолго време живеела во страв. Таа им се доверила на родителите дека осомничениот ја следи, а случајот бил пријавен и во полиција.Марија живеела во Старо Нагоричане, кај својот вујко, каде му помагала на братучед ѝ во земјоделските работи. Пред неколку години работела како пастирка кај семејството на осомничениот – познанство што, според семејството, оставило трагични последици.Случајот отвори сериозна јавна дебата за безбедноста на жените во руралните средини, како и за тоа дали институциите соодветно реагирале на претходните пријави за демнење и закани.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc750mhqc5l1t1xefB3c

(Видео) ДНК на 25-годишниот убиец се совпаѓа со трагите кај последната жртва во кумановско

ДНК-профилот на 25-годишниот осомничен од селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, се совпаѓа со трагите пронајдени кај последната жртва, јавува Телма, повикувајќи се на извори од истрагата.Во тек е сеопфатна истрага за серија тешки кривични дела во кумановско, по апсењето на осомничениот, кој во моментов се наоѓа во притвор. Официјално, институциите не откриваат дополнителни детали за резултатите од ДНК-анализите.Според информациите објавени од Телма, истражните органи анализираат повеќе докази, меѓу кои и содржини од социјални мрежи. На профилот на осомничениот на платформата ТикТок, како што се наведува, имало објави со кои се потврдува дека станува збор за 25-годишник кој чувал овци и живеел во Драгоманце. На профилот биле објавени и видеа и фотографии од неговиот приватен живот.Последната објава, според телевизијата, датира од 9 февруари, еден ден пред да биде пронајдена 78-годишната Мира С. од Старо Нагоричане. Од Основно јавно обвинителство Куманово претходно информираа дека временската рамка на смртта е утврдена меѓу 29 јануари и 10 февруари.Од Обвинителството соопштуваат дека се обезбедуваат и прибираат голем број докази, се вршат распити и ќе следи психијатриска проценка на осомничениот од тим експерти. Во моментов, како што наведуваат, вештиот наод од обдукцијата на ексхумираното тело сè уште не е доставен до јавниот обвинител.Според неофицијални информации што ги објави Телма, се проверуваат повеќе случаи поврзани со починати повозрасни жени, како и еден обид за убиство. Сите настани, според тие информации, се случиле од летото минатата година до апсењето на осомничениот.Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расчистување на случаите.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7e3u1f87u71sbIMeBMa

(Видео) Протекоа снимки од серискиот убиец од Старо Нагоричане: Крупен маж се обидува да влезе во куќа на постара жена, се истражуваат пет убиства

Снимка од безбедносна камера објави Телма, на која се тврди дека се гледа осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане.Видеото трае две минути, а на него се појавува крупен маж со подолга јакна и качулка на главата кој се обидува да ја отвори вратата на куќата. Но таа е заклучена. Според изворите на Телма се работи за дом кој се наоѓа близу местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.На нив се гледа и дека се снимани на 23 јануари годинава во еден часот и 54 минути после полноќ.Овие снимки биле пријавени и во полиција, како што тврдат жителите на Старо Нагоричане, но полицијата не сакала да ги земе пред вид бидејќи камерите кои биле поставени на приватен објект по закон не биле пријавени, па затоа не можеле да ги земат како докази.Целиот текст прочитајте го на Телма.мк

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања