Украдени бронзени бисти од гробишта во Бутел
Во СВР Скопје било пријавено дека во период од три месеци од гробно место на Градските гробишта во Бутел биле одземени две бронзени бисти, а полицијата работи на расчистување на случајот.На 08.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје | пред 2 месеци