Нестабилно и постудено време, можна и прва појава на снег на планините
Под влијание на циклон со центар над Џенова, во земјава следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен југоисточен ветер. Локално се очекува да наврне над 20 до 25 литри дожд на метар квадратен.И во Скопје и околината времето ќе биде променливо со врнежи, кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.Истовремено, од исток и североисток ќе навлезе значително постуден воздух
Македонија | пред 9 месеци