ШУТКА

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Затвореник на 36-години почина во затворот во Шутка

Затвореник кој одлежувал казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари вчераутро бил пронајден мртов во неговата ќелија, соопшти МВР.„Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-15-at-14.06.04

(Видео) Да однесат нормален човек во Шутка со три чисти во глава за краток период ќе попушти, потврдува и директорот на Управата за санкции

Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции на денешната прес-конференција зборуваше за затворот „Шутка“. Тој вели дека таму куче да биде врзано за „краток период ќе попушти и со здравје и со мозок и со сè“.„Има таму ќелии што се потчовечки, не достоинство, па тоа јас на филм го немам видено. Во одредени ќелии кај што влегов, сега се наежив, тоа е под секакво човечко достоинство и срамота е за нас како држава што сме го дозволиле особено ова. Седум години имаа тоа да го поправат, тоа е страшно, језиво, да ве внесат таму нормален здрав човек со три чисти во глава за краток период ќе попушти“, посочи Пандов. БОНУС ВИДЕО:https://www.youtube.com/live/6PiuekSbuHA?si=kZbk8bQa39USgxH-

Македонија | пред 1 година

tepacka-skopje

Прескокнале и избегале: при броење се припојавиле четворица во затворот во Шутка, фалат уште шест затвореници

Директорот на затворот “Скопје”, во Шутка, Бобан Утковски, за “Скопје1” посочува дека шест лица се пријавени за избегани. Ова значи дека во затворот, во меѓувреме, се вратиле уште четири лица.“Шест се избегани, МВР е во моментов во затворот и постапува согласно со законот. Напуштање на објектот го направиле со прескокнување на оградата. Ако користеле привилегии не би имало квалификација бегство”, вели Утковски за “Скопје1”.Тој додава: “Четворицата во самото броење се имаат појавено, утре ќе се прегледуваат камери за да се произнесеме за нивното движење, биле во кругот или не”.“Скопје1” објави дека првично, недостасувале 14 лица.

Македонија | пред 1 година

tepacka-skopje

Голема тепачка избила во затворот во Шутка: Десет души натепале двајца затвореници, кои биле однесени во болница

Голема тепачка избила во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје“ од свои извори. Според првичните информации, вербална расправија прераснала во пресметка каде 10 лица физички натепале двајца затвореници. Натепаните се однесени во болница, потврдува и новиот директор на затворот, Бобан Утковски.Утковски за „Скопје1“ потврдува дека се употребени и предмети за да се нанесат удари на сега повредените затвореници. Според првичните информации, станува збор за држачи од кревети и вентилатори, кои имаат остри агли. Причината била поради банална вербална расправија.„Физичката пресметка била околу 14 часот. Две лица се однесени во болница. Тие се прегледани и според досегашните информации имаат полесни повреди. По враќањето ќе бидат сместени во посебни простории“, вели Утковски за „Скопје1“.Затворот „Скопје“ во Шутка беше мета на критики по доаѓањето на новото раководство во Управата за санкции и управната зграда. Утковски во повеќе наврати посочи дека работи на средување на состојбите и условите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-13.00.30

Драма во затворот во Шутка: Затворски полицаец кој обезбедувал притвореници заврши во притвор, фатен е со дрога

Затворски полицаец од затворот „Скопје“ во Шутка заврши во притвор, откако кај него била најдена дрога, дознава „Скопје1“. Според информации до кои дојдовме, завчера вечерта, командир на смена во јакна на полицаецот нашол материја за која констатирал дека е дрога. Сѐ се случувало во дежурната просторија во притворскиот дел.Тој ги известил надлежните органи, по што дошла и полиција, а полицаецот бил приведен. „Скопје1“ дознава дека обвинител од одделение за униформирани лица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарал притвор, кој бил одобрен од судија на претходна постапка во Кривичниот суд.Детали за случајот се очекуваат од полицијата.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 1 година

pandov-andov

Владата го разреши директорот на затвор „Скопје“ во Шутка

По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор Скопје – Скопје, разрешен е директорот на затворот, Филип Андов.На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор - Скопје.

Македонија | пред 1 година

pandov-andov

Изброени десет, пријавен еден избеган од затворот во Шутка: Клинч меѓу Андов и Пандов

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вчера извршил контрола во затворот „Скопје“ во Шутка, каде констатирал дека 10 лица не биле во собите, а едно било во бегство. Пандов не сака да коментира за „Скопје1“ и посочува дека во понеделник ќе одржи и прва прес-конференција. Според информации на „Скопје1“, сите десет лица за кратко време се појавиле, но и иако првично не биле најдени, денеска не им се одземени привилегиите кои ги уживаат и се со истиот третман.Директорот на затворот, Филип Андов посочува дека е на одмор и дека за состојбата бил запознаен од командирот. Тој посочува дека има забелешка зошто ако немало 10 лица, само еден е пријавен во полиција за по него да се трага.„Имам забелешка. Како недостасуваат 10 лица, а само еден е пријавен во полиција? Известен сум од командирот дека од Управата биле на проверка, каде по завршувањето, директорот не успеал да ги забележи во собите овие десет лица и се појавиле отпосле. Моето прашање е, ако десет лица биле во бегство или 11, зошто не се пријавени или нема постапка? И зошто нема постапка за сите останати 10 лица, за да се префрлат во приемно одделение, да им се одземат сите права? Дотолку повеќе, што, по сознанија, денеска пак можат да ја напуштат институцијата. Ако има за сите службени белешки, ова е тежок престап и треба да се обезбедат луѓето во приемно одделение додека не се заврши постапката за сите лица, ако како што тврди тој, затворениците не се најдени во своите соби“, вели Андов.Пандов не сака да коментира за „Скопје1“, но за други медиуми посочил дека затворениците биле повикани да се вратат по телефон.

Македонија | пред 1 година

284936157_10224191096237477_6714764860548443710_n

Вистината за животот на Ромите од Шутка, скопјанец сподели сурови детали

Скопјанец на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека живееме во дискриминаторска средина полна со предрасуди. Тој објави дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Шутка.„"Не ти беше ли страв дека ќе се заразиш?", ме праша еден пријател кога му кажав дека минатата недела се возев во минибус со 15 Роми од Шуто Оризари до Охрид, каде што поминав преубави три дена со нивната НВО."Абе што ќе ги учиш, нив ги бива само за крадење," продолжи просветлениов.Не знам колку тие научија од мене, но јас научив дека Абдула завршил машински со просек 9,3 (дел од испитите ги учел во тоалет, додека останатите спиеле), Сеад завршил шумарски и е успешен претприемач, Ибрахим студира медицина...Научив и дека граѓаните на Шутка плаќаат иста цена за автобуски билети, а добиваат многу полоша услуга. Автобусите 19ка и 20ка се крш во споредба со оние од другите линии - стари, без клима, без редовен сервис (оние новите климатизирани и на метан се резервирани за другите населби кај што живеат луѓе со посветол тен).Научив дека често автобусите не возат до крајната дестинација и ги оставаат патниците до затворот, на тој начин принудувајќи некои од нив да одат пешки и по четири станици за да стигнат дома.Научив дека поради нередовноста многу деца не можат на време да стигнат на училиште, а родителите на работа или мораат да дел од скромните плати да ги трошат на такси.Научив дека жителите на Шутка секојдневно се соочуваат со понижувања и нељубезен однос од страна на шоферите и контолорите на карти само затоа што се Роми.Научив, односно си потврдив, дека живееме во ужасно дискриминаторска средина полна со предрасуди.Пријателе, граѓаните на Шутка не се ништо помалку вредни од мене и тебе. Единствената разлика меѓу нив и нас е што немале шанса да растат во исти ислови, во средина каде добиваат ист третман со останатите кои со замислена плава крвИ да не заборавам да одговорам на прашањето, да се заразив. Се заразив со нивниот ведар дух, добрина, посветеност, солидарност... и многу сум им благодарен за тоа“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

zatvor

АА: Дел од обвинетите за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, од вчера штрајкуваат со глад

Денеска сме тука пред затворот Шутка каде се дел од обвинетите за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, кои од вчера штрајкуваат со глад бидејќи не им се почитуваат основните права, она за семејни посети и слободен викенд, велат од Алијанса за Албанците.„Сакаме да ја информираме јавноста дека петмина од затворениците ги исполниле сите законски услови за слободен викенд, но ова право директорот на затворот го ускратува иако добиле позитивно мислење од соодветната комисија. Станува збор за Мусадик Пајазити кому правото на викенд му следува веќе 19 месеци, Арсим Бајрами веќе 18 месеци, Елхам Арифи 12 месеци, Ирфан Лутфи 9 месеци и Сеадодин Абдулаи веќе пред 5 месеци ги исполнува условите за слободен викенд.Ги повикуваме Управата на затворот, Министерството за правда, Управата за спроведување на санкциите и сите надлежни институции да ги почитуваат важечките закони, меѓународните конвенции и Уставот на државата во кој стои дека пред законот сите се еднакви.Со неадекватениот третман на затворениците, Северна Македонија не само што потврдува дека е хибриден режим, туку сега се движи кон системи како оној на Северна Кореја“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

thumbs_b_c_44975ece7879dfed47c5df3d7f1b8f24

Зеќири во Шутка со кошула, сместен во изолација каде ќе остане првите 30 дена

Мухамед Зеќири е примен во затворот Шутка. Тој има ист третман како секој притвореник кој со одлука на Кривичен суд е однесен таму. Сместен е во примениот оддел, каде ќе остане седум дена. Тој замина во затворот „Скопје“ во Шутка, со истата облека со која дојде, во кошула и јакна. Бидејќи е викенд, семејството најбрзо што може да му достави и други неопходни работи ќе биде во понеделник. Според информации на „Скопје1“, Зеќири вчера бил вознемирен, но денеска е во добра здравствена состојба и се нема пожалено за да побара проверка кај домскиот доктор.Судијата Васе Динковски му одреди 30-дневен притвор на Зеќири. Со полициски возила неколку минути пред полноќ, генералниот секретар во оставка, беше однесен во истражниот затвор.Мерката беше побарана поради сомнежи дека може да избега, да го повтори делото или да влијае на сведоци.Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.Попладнево, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зеќири.„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна остапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќиги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП. Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но вотекот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот“, вели Кривичен суд.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања