„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

танец

vlatko-1024x683-1

Влатко Стефановски и Танец со концерт на Антички во Охрид

Влатко Стефановски виртуозот на гитара и Танец ќе одржат концерт во Охрид. По концертот во Скопје во ноември лани, најавуваат нов на 29 -ти јули во античкиот театар.„Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со Танец ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост’, рекоа организаторите.Влатко, освен повремените еднократни настапи со Танец, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот.Конечно, во рамките на проектот „Танец и Влатко“овие два бренда ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.

Магазин | пред 3 години

278857721_542736057217309_1253671833905946975_n

„Танец“ уште еднаш го оправда ептитетот на вистински подвижен музеј на изворното македонско фолклорно творештво, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаросвки, заедно со првата дама присуствуваа на велигденскиот концерт на „Танец“„Импресивен гала-концерт на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец" во пресрет на Велигденските празници.Со богатата играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, како и со раскошноста на оргиналните носии „Танец“ уште еднаш го оправда ептитетот на вистински подвижен музеј на изворното македонско фолклорно творештво.Честитки до целиот ансамбл за одличната изведба на „Драчевка“,„Солунка“„Малешевка", „Сретсело", „Копачија" и другите кореографски постановки од нашата вокално-инструментална ризница“, вели Пендаровски.

Магазин | пред 3 години

278177526_288959310080002_3609335400554902293_n

„Танец“ со велигденски концерт во МНТ

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ на 19 април ќе одржи голем велигденски концерт во МНТ.На концертот, кој традиционално се одржува секоја година, ќе биде изведена интересна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата на кои се создавало македонското фолклорно богатство. На концертот ќе можат да се видат кореографии како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“.Концертот под мотото „Печат на времето“, почнува во 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања