Обвинила жена на Инстаграм дека носи „фејк“ луксузна чанта, па ја привеле на аеродром во ОАЕ
Жена која патувала со сопругот и децата била задржана на аеродром во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) откако против неа била поднесена тужба поради коментар на Инстаграм во кој туѓа луксузна чанта ја означила како „лажна“.Тоа предизвикало потсмев кај други корисници на социјалните мрежи, поради што подоцна била префрлена во Аџман.Жената била запрена при пристигнувањето во ОАЕ, кога имиграциските власти ја замолиле да се издвои, додека нејзиниот сопруг и децата го продолжиле патувањето, изјавил потполковникот на полицијата во Аџман, Мохамед бин Хазим Ал Суваиди, пренесе Gulf News.Инцидентот настанал поради коментар што жената го оставила под фотографија од друга жена со луксузна чанта на Инстаграм.Коментарот дека чантата е „лажна“ предизвикал потсмев кај други корисници на социјалните мрежи насочен кон сопственичката на чантата, што довело до поднесување официјална жалба поради нарушување на угледот и поттикнување онлајн малтретирање.Благодарение на посредување на властите, страните подоцна се смириле и случајот бил затворен.Потполковникот Ал Суваиди предупредил дека многу корисници на социјалните мрежи ги потценуваат правните последици од своите објави, истакнувајќи дека и навидум безопасни коментари можат да предизвикаат сериозни проблеми.Според неговите зборови, жената поминала една ноќ во притвор пред да биде префрлена од Емиратот каде што слетала во Аџман во согласност со правните процедури.Тој навел дека, доколку жалбата не била повлечена, жената можела да биде казнета според Законот на ОАЕ за сајбер криминал и законот против озборување, вклучително и затворска казна и парична казна во износ од 250.000 до 500.000 дирхами (меѓу 62.500 и 125.000 евра).
Свет | пред 20 часа