Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТЕХНОЛОГИЈА

gsmarena_001

(ВИДЕО) Xiaomi 12S Ultra подобар од iPhone 13 Pro Max на тестот за игри

Неодамна, Xiaomi ја претстави серијата Xiaomi 12S во Кина. Беа претставени три модели, а најскап и најдобар од нив е Xiaomi 12S Ultra кој пристигнува со импресивни спецификации.Сега еден YouTuber го тестираше Xiaomi 12S Ultra, односно неговите перформанси за играње и телефонот се покажа како импресивен и во неколку категории го надмина дури и iPhone 13 Pro Max.YouTuber Golden Reviewer откри во својот тест дека Xiaomi 12S Ultra е подобар за играње игри во споредба со актуелниот најскап модел на Apple - iPhone 13 Pro Max. Xiaomi 12S Ultra беше пред сите уреди со Android и iOS.Секако, најголемата заслуга има новиот, неодамна претставен чип Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1. Јадрото Cortex X2 е оверклокирано од 3,00 GHz на 3,20 GHz, обезбедувајќи перформанси на процесорот до 10% повисоки од Snapdragon 8 Gen 1. Графичкиот процесор исто така е оверклокиран на до 10% подобри перформанси на графичкиот процесор во игрите. Qualcomm успеа да ја подобри енергетската ефикасност за дури 30%, што значи дека чипсетот троши помалку енергија, помалку се загрева и позитивно влијае на батеријата. Првите тестови покажуваат дека Snapdragon 8+ Gen 1 е одличен чип и дека Qualcomm повторно создаде чипсет кој е импресивен во сите сегменти.Екстремните тестови на телефонот Xiaomi 12S Ultra открија дека Xiaomi 12S Ultra е најдобриот телефон кога станува збор за емитување на бројот на слики, односно фрејмови во секунда (просечни 588 fps). Исто така, резултатите открија дека телефонот не се прегреал и дека во овој поглед е многу подобар од обичниот Snapdragon Gen 1. Така, Xiaomi 12S Ultra работел на температури од 42,3°C, што е една од најниските температури меѓу тестирани телефони.Само iPad Mini 6, со чипот A15 Bionic, испорача поголема стапка на слики во споредба со Xiaomi 12S Ultra, но не е паметен телефон, туку таблет, па така Xiaomi 12S Ultra е прв меѓу паметните телефони.

Магазин | пред 3 години

WhatsUp

WhatsApp конечно ја доби функцијата која корисниците долго ја чекаа

Корисниците на WhatsApp, кои сакаат да ја префрлат својата историја на пребарување од Apple iPhone на телефон со Android и обратно, сега конечно ќе можат да го сторат тоа.Мета, која е сопственик на WhatsApp, објави дека ги отстранила сите ограничувачки пречки кои го спречуваа процесот на пренос на податоци во минатото.Најголемиот број корисници на телефони со Android, кои имаат уред Самсунг, веќе имаа можност да ги префрлат своите податоци на WhatsApp од iPhone. Сега е овозможено и за телефони со Android од други производители.WhatsApp ја потврди на Twitter можноста за пренос на историјата на разговори од Apple iPhone на телефон со Android и обратно.Популарната услуга значително го поедностави процесот на префрлување разговори од платформа на платформа, благодарение на апликацијата Move to iOS достапна на Google Play Store и апликацијата Switch to Android на Apple App Store.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања