Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

tablitsi

Убиени две лица во возило со скопски таблички во Албанија

За само неколку дена во Албанија се случија две големи мафијашки пресметки во кои животот го загубија четири лица. Вчеравечер во градот Милот, на излегување од дома, влегувајќи во своето возило со македонски регистарски таблички, беше застрелан Клисман Преци и неговиот пријател Јили Брахими кој е во критична состојба. Врз нив бил испукан баражен оган од автоматски пушки, најверојатно калашникови. Инаку, Клисман Преци пред неколку месеци успеа да преживее во заседа на автопатот Лезе-Тирана.Вчераш

Македонија | пред 4 години

10-1

(ВИДЕО) Охрид има нова атракција на плажа во Трпејца

Охрид деновиве е преполн. Туристи има од цела Македонија но и од светот.Плажите се полни, особено оние кои од лани се слободни и каден е се наплаќа влез и лежалка.Во Трпејца има и повеќе од обично посетители. На дивите плажи кои се едни од најубавите и непознати за повеќето, покрај езерото имаше и кравиТие за кратко станаа атракција за присутните на плажата, кои се сликаа со нив.

Македонија | пред 4 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Заклучоците за францускиот предлог поминаа во Собрание, изгласани со 68 за и ниту еден глас против. Вие бевте предводници на граѓанските протести кои се одржуваа повеќе денови наназад, а кои беа поддржани не само од опозицијата туку и од голем број независни граѓани. Зошто на крајот, наместо да го дадете гласот против, одлучивте да ја напуштите седницата?–Заклучоците не се однесуваа на францускиот предлог бидејќи францускиот, или последниот, или модифицираниот предлог или не знам веќе кој предло

Македонија | пред 4 години

viber_image_2022-07-23_09-32-27-853

Гори во беровско, утрово интервенираше и хеликоптер на МВР

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вод

Македонија | пред 4 години

kompjuter

Зачестена појава на измама со криптовалути, како да се заштитите

Известување за зачестена појава на компјутерска измама со криптовалутиСекторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на

Македонија | пред 4 години

zabava2

Ужасна трагедија во Скопје, млада кумановчанка почина на приватна забава

На 22.07.2022 во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска“ починала Љ.С.(22) од кумановско.Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било

Скопје | пред 4 години

294310295_353945723592065_3006602597210099292_n

Куп екипи го гаснат пожарот во Берово, но се недоволни - се бара авион

Центарот за управување со кризи на социјалните мрежи информираше за пожарот во беровско.„Хеликоптерот дејствувал во време од 04.30 часот до 10.30 часот при што е постигнато пожарот да престане да се шири. На терен се следниве сили:1. ДЗС-30 луѓе со 4 возила2. ТППЕ -Берово-6 луѓе и 2 возила3. ТППЕ-Делчево-4 луѓе со 1 возило4. Доброволно ПП Д Кочани- 5 луѓе со1 возило5. ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со 3 возила6. ШС Равна река од Пехчево со 8 луѓе и 2 возила7. ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило

Македонија | пред 4 години

218278749_326628449205463_2277962667892665479_n

Матичните доктори се гневни: Ова нема да ви помине!

Илјадници забелешки јавно доби вчерашната најава на Комисијата за заразни болести за отворање на пет нови ковид- амбулатнти од следната недела во кои по принцип на ротации ќе работат матичните лекари. Најголемите забелешки се токму од матичните лекари. Дел од нив велат дека не се против отворање ковид-амбуланти, но бараат да се преиспита одлуката бидејќи вака предложена ќе значи пациентите да останат без лекари во периодот кога тие ќе дежураат што ќе направи хаос во здравствениот систем.Доктор М

Македонија | пред 4 години

Kocikj-480x275-1

Пратеник “кука” зошто го нарекуваат предавник, па му дадоа “совет”

Божидар Божиновски објави статус на социјалните мрежи преку кој го искритикува пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ„Да му кажиме на пратеникот пошто има дилеми шо бил. Нека извести мвр“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

56196772_325811938121711_6823305575539933184_n

Скопје може да остане со полни контејнери и да тоне во смрдеа!

Од ЈП „Комунална хигиена“ се жалат дека имаат драстичен пат на наплатата, а сметките за струја и гориво им се зголемени, со што се доведува во прашање нивното нормално работење, пишува СДК.мк„ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со драстичен пад на наплатата на побарувањата како од домаќинствата така и од правните субјекти, што го доведуваат во прашање извршувањето на примарните активности на претпријатието на терен. Воедно, цените на горивата што се употребуваат за нормално функционирање на в

Скопје | пред 4 години

screenshot_2-1

Ослободителна пресуда за таткото и ќерката обвинети за бесправно градење на бунгалови во Леуново

Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт" ДООЕЛ увоз извоз с.Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со ст

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

(ВИДЕО) Џафери се закани дека ќе го распушти Собранието, веќе нема толеранција

Собранискиот претседател Талат Џафери ќе предложи седница за распуштање на Собранието, откако денеска трипати се обиде да обезбеди кворум во салата, но не успеа. Тој смета дека институцијата мора да биде функционална, без разлика дали на некого му се допаѓа тоа или не. Џафери посочи дека како присутни на списоците се евидентирале 85 пратеници. Во салата, за 79. Седница на Собранието имаше 51 пратеници, што значи недостасуваа 34 од потпишаните пратеници кои ќе земат надоместоци.„Во сала се присут

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Нови 779 случаи на ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на КОВИД-19: Скопје – 345, Битола - 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и М

пред 4 години

osteteni-avtomobili-bunjakovac-fokus-1024x866-1

(ВИДЕО) Приведен скопјанецот кој оштети 18 паркирани возила

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила.Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле парк

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Мицкоски: За опожарените возила во Прилеп се гонат лица кои немаат врска со случаите

Живееме во време како во Бејрут во најлошите времиња, така отприлика функционира моментално Македонија. Тотално безредие, а тоа е така затоа што тие кои треба да го спроведуваат редот, ги водат луѓе коишто се во директен договор со криминалот и луѓето со сомнително досие, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Свети Николе, одговарајќи за запалените возила на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.Мицкоски истакна дека тоа што се случува во Прилеп, најпрвин н

Македонија | пред 4 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос наодлуката од 21.07.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за1,374% и кај мазутот зголемување за 2,738%.Малопродажните цени на бен

Македонија | пред 4 години

osteteni-avtomobili-bunjakovac-fokus-1024x866-1

(ФОТО) Искршени околу 20 автомобили во Скопје

Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража зад трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, објави „Фокус“ споделувајќи и фотографии од оштетените возила.Од МВР велат дека во полициска станица оштетувањето било пријавено утрово околу 7:25 часот.Полицајци излегле на терен и се работи на расчистување на случајот.Фото: „Фокус“

Скопје | пред 4 години

pozar-55

Од утрово на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер

Центарот за управување со кризи преку социјалните мрежи информира каде во Македонија има активни пожари во моментов.„Шумски пожар на м.в.Каменица во атарот на с.Будинарци, каде гори нискостеблеста дабова шума.Поради големиот пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци, од страна на ЕЛС Берово поднесено е барање за воздушна подршка (хеликоптер).Од 05:00 часот утрово, на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер како и екипи од ШС Малешево и ТППЕ Берово.Пожарот

Македонија | пред 4 години

Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

„Пожарот во беровско е под контрола“, вели Ангелов

Стојанче Ангелов преку социјалните мрежи информираше дека пожарот во Берово е под контрола.„Во моментов големиот пожар во беровско е под контрола“, напиша Ангелов.Тој претходно информираше дека на терен се десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово.Во гаснењето на пожарот од 05:00 часот утрово интервенираше и хеликоптер.

Македонија | пред 4 години

IMG_4867

Контрола во Прилеп, едно лице приведено, констатирани повеќе неправилности во угостителски објект

На 21.07.2022 од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.За време на контролите во угостителски и хотелски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспектора

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Сообраќајка во Скопје, се судрија авотмобил и мотор

Утрово во скопската населба Гази Баба се случи сообраќајка.Се судрија автомобил марка опел и мотор.За сега нема информации за состојбата на возачот на моторот, а се чека полицијата да направи увид на местото.

Скопје | пред 4 години

20220721213947

(ВИДЕО) Објавено уште едно сведоштво за случајот „Жан Митрев“

Истражувачката репортерска лабораторија(ИРЛ) објави уште едно видео за случајот „Жан Митрев“.Се работи за сведоштво на жена од Велес, чиј сопруг бил опериран во клиниката.Истражувањето „Нечиста крв“ е базирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово.

Македонија | пред 4 години

12.07.2021-Pres-konferentsija-scaled-1

Пратеник на СДСМ го нарекувале предавник, па пријавил членови на Левица во полиција

Пратеникот од редовите на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ, во полиција пријавил членови на Левица кои го нарекувале предавник.А самата оваа информација ја сподели членот на Левица од тој град, Игор Смилев.„Предавникот Ненад Коциќ пријавил во полиција неколумина членови од Локалниот огранок на Левица Велес за наводно ширење говор на омраза.Ах бре Ненад, ако зборот предавник е говор на омраза, Ти СИ ПРЕДАВНИК , бидејќи тој збор се содржи во твоето име и презиме ... ти си поднел пријава против самиот се

Македонија | пред 4 години

sonce-so-termometar

Денес сончево и многу топло

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ=9Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

пред 4 години

denis-tot-222

Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.Надлежнио

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања