Во сабота изменет режимот на сообраќај во Топанско Поле поради уредување на тротоарите
Во сабота, 14 ноември, на улицата „Исмаил Ќемали“, поранешна „Благоја Паровиќ“, во скопската населба Топанско Поле ќе се уредуваат тротоарите, информираат од Општина Чаир.Градежните работи ќе се изведуваат од 8 до 16 часот, во кој период се очекува отежнато одвивање на сообраќајот.Од Општината ги повикуваат жителите навреме да ги отстранат паркираните возила долж тротоарите за да се овозможи непречено изведување на работите. На возачите им се препорачува да користат алтернативни сообраќајници.
Скопје | пред 51 минута