Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТРЕНЧЕВСКА

gradinka-2

Јаким Неделков ја обвини Тренчевска дека лаже, откако таа се пофали дека речиси за 100 проценти ги покачиле платите во градинките

Синдикалниот лидер Јаким Неделков го демантира постот на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска дека платите на воспитувачките и негувателките во градинките се 36.000, односно 27.500 денари.„Министерката Тренчевска барем да кажеше дека сегашните плати на воспитувачите и негователите ги кажува во бруто износ. Или ако се во нето, барем да ги кажеше вистинските износи. Или ако не беше сигурна, требаше да праша некого во градинката каде што беше, ќе и кажеа.За волја на вистината, воспитувач со високо образование има 30.697, со вишо 28.317, а негувател 23.718 денари нето плата. На што се должи оваа лажна информација на министерката, може само да претпоставуваме или таа да ни објасни?!“, реагира претседателот на СОНК.Претходно министерката Тренчевска објави статус колкави биле платите во градинките„Да се знае колку беше платата во градинките во 2016 а колку е денес!И да се знае во кое време се покачуваат платитеВоспитувач во детска градинка2016 18.000 ден.2023 36.000 ден. (100%покачување )Неговател во детска градинка2016 14.000 ден.2023 27.500 ден. ( 96% покачување )ПЛУС регрес за годишен одмор за 2023 во износ од 10 000 денари. Од 2024 регресот ќе биде најмалку 30% од висината на просечната плата“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

slika-2-analiza

Ако сакаме да изградиме за пократок временски период, треба да има прекувремена работа, вели Тренчевска

Министерството за труд и социјална политика допрва ќе утврдува горна граница за работното време на работниците кои ќе бидат ангажирани на прокетот договорен со конзорциумот Бехтел и Енка. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска при гостување на телевизија Телма. Таа истакна дека ќе бидат во постојана комуникација со пратениците, и посочи дека иако законот е поднесен од пратениците, по реакциите се вклучуваат за да ги заштитат работничките права.- Работната недела е минимум 40 часа. Владата никаде не вели дека ќе биде 60 часа, туку дозволуваме повеќе од осум часа неделно зависно од процесот на работа. Меѓутоа на оној работник кој што сака да работи прекувремено, да може да му биде платено прекувремената работа, а сепак тоа да биде во рамки на законот - рече министерката.Работнците, како што рече, ќе потпишуваат договор според кои сами ќе одлучуваат дали ќе работат дополнителни часови кои ќе им бидат платени.- Ако сакаме брзо да градиме, ако сакаме да изградиме за пократок временски период, треба да има прекувремена работа, што е најважно, прекуврементата работа ќе биде платена и секој работник ќе даде писмена согласност дека сака да работи прекувремена работа. Без писмена согласност на работникот никој не може да работи повеќе од она што е во моментов предвидено во законот за работни односи - дополни Тренчевска.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања