Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ТУРЦИЈА

erdogan-3

Ердоган со остра порака до Израел: „Не туркате кон катастрофа“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел „постепено и свесно“ го влече Блискиот Исток кон „целосна катастрофа“, оценувајќи дека зад ескалацијата во регионот стои мрежа која се смета за „надмоќна“ во однос на другите.Обраќајќи се на ифтар во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган предупреди дека ширењето на конфликтот низ Блискиот Исток не може да се објасни само со безбедносни причини. Тој посочи дека нападите кои прво ја зафатија Газа, потоа Јемен и Либан, а во поново време и Иран, според него имаат подлабоки мотиви и носат ризик од поширока регионална дестабилизација.Ердоган оцени дека глобалниот систем, изграден особено по Втората светска војна, влегол во фаза на „историски пресврт“, па затоа, како што рече, фактите за случувањата на Блискиот Исток мора јасно да ѝ се пренесат на светската јавност.Тој остро ги осуди потезите на израелските власти во Ерусалим и нагласи дека џамијата Ал-Акса била затворена за муслиманските верници 17 дена „произволно и без правна основа“. Дополнително, Ердоган предупреди дека паралелното ширење на наративи за „ветената земја“ и „апокалиптични сценарија“ не е случајно, туку, според него, е дел од свесно осмислен пристап.„Од клучна важност е да се ослободиме од наметнатите агенди и да му ги објасниме на светот овие реалности, ова варварство и ова лудило на начин што ќе остави силен траг“, порача Ердоган.Изјавата доаѓа во период на засилени тензии во регионот, при што Анкара последните недели сè почесто апелира за деескалација и предупредува дека секое проширување на судирите може да има последици далеку надвор од Блискиот Исток.

Свет | пред 10 часа

media-librarycjpferqkfdtjb8CAn00

Турска инфлуенсерка пронајдена мртва: актер снимен како влегува во нејзиниот стан еден час пред смртта

Турската инфлуенсерка Ајшегул Ераслан е пронајдена мртва во својот дом, на 27-годишна возраст. Според наводите, загрижени членови од семејството повикале полиција откако таа не им отворила врата, по што било констатирано дека е почината.Како што се наведува, Ераслан неодамна се вратила од патување во Египет. Во меѓувреме, во јавноста се појавија информации дека надзорни камери снимиле актер – Сунај Куртулуш – како влегува во нејзиниот стан околу еден час пред да биде пријавена нејзината смрт.Актерот, според објавените тврдења, изјавил дека се работело за кратка посета и дека потоа го напуштил станот. Неговите адвокати соопштиле дека тој бил испрашан во рамки на истрагата и дека од почеток соработувал со надлежните, при што нагласиле дека не бил во домот кога настапила смртта.Ераслан стана позната по учеството во турското модно шоу „İste Benim Stilim“ („Ова е мојот стил“), по што изгради и присуство на социјалните мрежи како инфлуенсерка. Истрагата за околностите околу нејзината смрт е во тек.

Свет | пред 10 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

НАТО испраќа уште еден „Патриот“ во јужна Турција: засилување по ракетните закани од војната со Иран

НАТО ќе распореди уште еден американски противвоздушен систем „Патриот“ на југот на Турција, како дел од мерките за зајакнување на одбраната по зголемените ракетни закани поврзани со војната со Иран.Системот ќе биде стациониран во провинцијата Адана, каде што се наоѓа воздухопловната база Инџирлик – клучен сојузнички пункт со присуство на американски и друг персонал од земјите-членки.Турското Министерство за одбрана соопшти дека распоредувањето доаѓа покрај веќе постоечкиот шпански систем „Патриот“ во регионот, нагласувајќи дека мерките се надоврзуваат и на националните капацитети на земјата.Анкара претходно најави и дополнително распоредување на „Патриот“ во југоисточната провинција Малатја, во близина на радарска база на НАТО, како дел од пошироките напори за засилување на противвоздушната одбрана.Турција, која ја има втората најголема војска во Алијансата и се граничи со Иран, во изминатиот период се потпираше на сојузнички системи за пресретнување на ракети за кои тврди дека биле истрелани од Иран од почетокот на конфликтот. Во базата Инџирлик, покрај САД, се наоѓа и персонал од неколку сојузнички земји, меѓу кои се наведуваат Шпанија и Полска.

Свет | пред 10 часа

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

НАТО потврди: Пресретнат проектил насочен кон Турција

НАТО потврди дека пресретнал проектил кој бил насочен кон Турција, соопшти портпаролката на Алијансата Алисон Харт.Таа информацијата ја објави на социјалната мрежа Икс, користејќи го официјалното име на државата – Туркије.„НАТО повторно пресретна проектил кој беше насочен кон Турција“, напиша Харт.Ова е уште еден инцидент во кој НАТО системите за противвоздушна одбрана реагираат на закани кон турскиот воздушен простор, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn41dnudeniqgepOwooG

Силен снежен бран ја измести Турција од колосек – десетици летови откажани, училиштата затворени

Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција донесоа големи проблеми во сообраќајот и секојдневието. Ниските температури и мразот предизвикаа прекин на наставата во повеќе провинции, а авиосообраќајот е сериозно нарушен.Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и источните делови на земјата. Тој нагласи дека одлуките се донесени исклучиво поради безбедноста на патниците.Метеоролозите предупредуваат на продолжени врнежи и заладување, а властите апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да бидат внимателни на патиштата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvhqm45k3ugssevfYkay

(Видео) Милитанти на ИСИС пукале за време на рација – ранети се седум турски полицајци

Припадници на терористичката организација Исламска држава отвориле оган врз полицијата и раниле седум полицајци за време на рација на северозападот на Турција, објавија државните медиуми.Судирот се случил во округот Елмали, во провинцијата Јалова, јужно од Истанбул, кога полицијата упаднала во куќа во која се криеле милитанти, јави агенцијата „Анадолу“. На помош биле испратени и специјални полициски единици од соседната провинција Бурса.Како што се проширил судирот на улиците, пет училишта во областа биле затворени во текот на денот, објави приватната телевизија НТВ. Властите, од претпазливост, ја прекинале снабдувањето со гас и електрична енергија, а на цивили и возила им бил забранет влез во населбата.Според „Анадолу“, ниту еден од ранетите полицајци не е во тешка состојба.Минатата недела приведени 115 екстремистиМинатата недела полицијата спроведе десетици истовремени рации и приведе 115 припадници на екстремистичката група, кои наводно планирале напади за време на божиќните и новогодишните празници. Тогаш официјални лица посочија дека групата повикувала на насилство, особено против немуслимани, за време на празничниот период.Исламска држава во последниве години изврши низа смртоносни напади во Турција, меѓу кои и пукањето во ноќен клуб во Истанбул за време на дочекот на Новата година на 1 јануари 2017 година, кога беа убиени 39 лица.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања