УНИЦЕФ започна нова хуманитарната кампања за гладните деца во Судан, Јемен и Газа
Канцеларијата на УНИЦЕФ за Хрватска започна нова хуманитарна кампања со цел да им помогне на децата погодени од глад во Судан, Јемен и Газа, предупредувајќи дека бројот на деца изложени на глад, сиромаштија и насилство постојано расте. Според проценките, рекорден број деца ќе имаат потреба од хуманитарна помош во 2026 година.УНИЦЕФ истакнува дека милиони деца ширум светот страдаат од тешка, опасна по живот неисхранетост, која предизвикува една од пет смртни случаи кај деца под петгодишна возраст, што ја прави една од најголемите закани за нивниот опстанок.Долготрајните вооружени конфликти и екстремните временски услови дополнително го ограничуваат пристапот до храна и основни услуги, и покрај напорите на семејствата да го заштитат здравјето на своите деца. Особено критична е ситуацијата во Судан, каде продолжува заборавената криза со милиони раселени деца и нивните семејства, во Јемен, каде милиони деца и жени се соочуваат со хроничен недостиг на храна, и во Газа, каде гладот беше официјално потврден за прв пат во август 2025 година.Во овие кризни региони речиси осум милиони деца страдаат од катастрофални нивоа на неисхранетост. Во Газа, поради уништената инфраструктура и ограничениот пристап до хуманитарна помош, се забележани и смртни случаи предизвикани од глад. Тимовите на УНИЦЕФ на терен секојдневно се соочуваат со растечките потреби за здравствена заштита, чиста вода и терапевтска храна, но ситуацијата се влошува и бара поголема меѓународна поддршка од кога било досега.УНИЦЕФ ги повика граѓаните да се обединат во солидарност за да обезбедат многу потребната терапевтска храна, истакнувајќи дека нивните програми обезбедуваат 80 проценти од специјално развиената терапевтска храна за спасување животи, терапија што за само неколку дена може да значи разлика меѓу живот и смрт.Неисхранетоста сериозно го загрозува опстанокот, растот и развојот на децата, предизвикувана не само од недостиг на храна, туку и од несоодветна исхрана, болести, ограничен пристап до вода за пиење и недостиг на здравствени услуги.
Свет | пред 16 часа