Почина младиот кик-бокeр Марко Тодоров, Урко трогнат: Болката е голема, го загубивме по подолг период на боледување
„Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија загуби голем шампион“, се првите зборови на селекторот и претседател на КМФМ Дејан Митровски-Урко по тажната вест дека починал 23-годишниот шампион Марко Тодоров.„Денеска по подолг период боледување почина нашиот брат, другар, натпреварувач и голем шампион Марко Тодоров. Голема е болката и загубата на сите нас кој го познававме. Сите борби во рингот ги доби но оваа најважната ја загуби. Последен поздрав со нашиот брат Марко ќе биде утре на 10.03.2024г.
Спорт | пред 2 години