ВМРО

Miteva-23.06.2022

Митева: Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и програмска определба за патот по кој што треба да се развива Македонија

Можам да кажам дека професорката Силјановска Давкова кога ќе ја споредите со сите кандидати за претстојните претседателски избори, многу отскокнува, по сите параметри се разликува од нив, пред се од она професионално искуство кое што самата како личност го има, но и од личниот карактер и пристапот кој што таа, веќе четири години, го покажа во рамките на Собранието. Лесно е граѓаните да направат споредба во овој дел и би кажала дека во овој период ќе бидат во можност граѓаните да видат со каков кадар располагаат сите политички партии и каква е искрената и чесна  намера во делот на подобрување на состојбите  во Македонија, вели портпаролката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во денешното гостување во централните вести на телевизија Алсат.Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има професорката Силјановска Давкова како кандидат, затоа што сметаме дека е време за вистински промени, затоа што ни е потребен малку поинаков пристап во политиката и за едно лидерство кое што ќе значи, пред се, почитување на  уставот и законите и работа во интересот и само за интересот на народот.ВМРО-ДПМНЕ во овој момент ја очекува максималната поддршка од граѓаните, работиме на искрен и чесен пристап. Време е политиката да ги напушти оние уцени и преговарања за тоа на кого ќе му припаднат гласовите во вториот круг. Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и на она што ќе значи програмска определба и начин на кој што ние го гледаме патот по кој што треба да се развива Македонија“, рече Митева во однос на калкулациите, преговарањата и договарањата во вториот круг од претседателските избори.Во однос на парламентарните избори и за тоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има конечна листа за пратеници, Митева истакна дека очекува до крајот на месец март да биде заокружен и тој процес на финализирање на листите за пратеници.„Кандидатите за пратеници ќе бидат достојно и достоинствено презентирани пред граѓаните. Ќе имаме еден транспарентен начин на презентација на истите. Очекувам и сум сигурна дека тоа ќе биде една добра кадровска понуда која што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и се разбира, победничка на изборите“, рече Митева.Во однос на пост изборната соработка со политичките партии, Митева посочи дека многупати до сега ВМРО-ДПМНЕ го има кажано ставот, дека е време Демократската Унија за Интеграција да замине во опозиција.„Прво, е добро и здраво за општеството после над 20 години во политиката, кој што резултирало со погрешни политики, со навистина огромно ниво на криминал и корупција и скандали кои што стојат зад нивното владеење, особено, во вој седум годишен мандат кој што го имаа како дел од владиното мнозинство со Социјалдемократскиот сојуз, сметаме дека навистина, треба да заминат во опозиција. Има зошто граѓаните, навистина, чувствуваат дека Македонија се повеќе се ја губиме, дека немаме владеење на правото, дека навистина имаме високо ниво корупција. Сепак граѓаните на претстојните избори одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас, но ВМРО-ДПМНЕ, секако би размислува во насока на влада без ДУИ“, истакна Митева.

Македонија | пред 1 година

Milososki-25112020

Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична одговорност и да отвори истрага против Мерко

„Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели кои се дел од "црната листа" на официјален Вашингтон“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и додава:„За потсетување, Македонија веќе има усвоено ЗАКОН ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ВО КРИВИЧНАТА МАТЕРИЈА (Собрание, едногласно усвоен на седницата одржана на 2 април 2021), потпишан од претседателот Пендаровски и објавен во Службен Весник. Во овој закон предвидена е можноста домашен надлежен орган (мин.правда или јавното обвинителство) да испрати ЗАМОЛНИЦА за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава (чл.16).Со ЗАМОЛНИЦАТА, која се доставува преку министерството за правда, од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации и материјални докази за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице.Овој закон (чл.35) овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија.Во чл.39 од Законот за меѓународна кривична соработка дури е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции.Сумарно: Владата, министерот за правда и ЈО, доколу имаат политичка воља за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку м.правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на "црната листа".Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи/ да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија.Овој Закон добро е да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, за што претставниците на стручната фела ценат дека е потребна квалитетна јавна расправа. Сметам дека Собранието треба да биде организатор и домаќин на една таква јавна расправа на која главниот збор ќе го имаат претставниците на судската фела, претставници на обвинителството, адвокати и професори по кривично право. На ваквата јавна расправа многу ќе користи и присуството на експерти за рестрикции и санкции од САД и ЕУ, за да имаме одржливо унапредување на позитивните норми во оваа регулирана област за меѓународна соработка во кривичната материја“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-13-at-16.48.53

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада“, бара ВМРО-ДПМНЕ и додава:Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада.Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберени другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада.Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

1-26

Ковачевски: Изборот ќе биде помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „заглавени и понижени со ДПМНЕ“

На претстојните избори немам дилема дека изборот ќе биде помеѓу „надеж“ и „безнадежност“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „заглавени и понижени со ДПМНЕ“ - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.— А повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални. Сите се сеќаваме како изгледаше кога менторот на Мицковски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното. Мицковски, само ќе продолжи таму каде што неговиот ментор застана, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ дозакопа и ќе не дозаглави, само за своја лична сатисфакција.ДПМНЕ не ги интересира иднината на државата и граѓаните. Пример за тоа ни се локалните избори. Тогаш ветуваа сѐ што им паднало на памет, ветуваа брда и планини, на крај ништо не направија. Битола исто како Скопје исто како и многу други општини на ВМРО живее во хаос, нереализирани проекти, без никакви реални и суштински промени. - рече Ковачевски-Битола и Битолчани знаат која е најдобрата опција за подобра и просперитетна иднина. Која опција носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не е откажува од европскиот пат. - посочи Ковачевски денес во Битола-Визија на СДСМ за иднината е реална и остварлива! Точно знаеме што ќе направиме и како ќе го направиме тоа. Наскоро ќе ја презентираме и нашата изборна програма која содржи реални и остварливи мерки. Програма која ќе биде пример за тоа како треба да се работи за да се обезбеди повисоки плати и пензии, посилна економија, подобро образование и здравство, конкурентно земјоделство. Програма за сите – за младите, за пензионерите, за земјоделците, за стопанството, за работниците. Програма со која предвидуваме сериозни и издржани проекции кои ќе донесат економски раст и развој.- порача Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Петрушевски: Претседателот Мицкоски направи идеален избор

Она што морам да го истакнам е дека по вчерашните реакции на јавноста, на луѓето со кои што комуницирам е дека претседателот Мицкоски има направено идеален избор на носителите на листи. Тоа секако и народот ќе го каже и на избори, но она што како реакција го слушам и гледам преку социјалните мрежи и во комуникација со граѓаните не слушнавме некаква негативна реакција за било кој од кандидатите, Бране Петрушевски, пратеник во своето гостување на радио Лидер.Тој во врска со носителите на листи говореше и за носителот на изборната единица 2, Владо Мисајловски за кој рече дека Мисајловски е човек со интегритет, со чесност, енергија за дејствување.Во мојата изборна единица 2, Владо Мисајловски е потпретседател на партија и човек со кој соработувам од младинските години, човек со интегритет, со чесност што е најбитно во оваа лошо време/невреме, мотиватор, човек кој секогаш има енергија за дејствување и мислам дека еве вака нескромно да кажам дека најголемото изненадување очекуваме да го направиме во изборната единица 2, позитивно се разбира за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Петрушевски.Пратеникот Петрушевски се осврна и на тоа што двајца премиери досега се од СДС, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски и укажа дека од нив граѓаните на Куманово не виделе никаков бенефит.Реално доколку ги прашате кумановци што добро виделе од тоа што двајца кумановци биле премиери, ќе ви кажат ништо, нема нешто бомбастично што се случило во Куманово или не знам да привлекле некаква инвестиција, некаков сериозен капитален инфраструктурен проект или да бил решен некаков проблем на Куманово. Така што бенефитот од ова што кумановци биле премиери го имале само они лично, пред се тука мислам на нивните лични сметки и на нивното лично богатење, порача Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-h-393

Мицкоски: Ќе направиме се да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник во претстојната 2024/25 учебна година иако сакаат да ни остават хаос

Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд да напишал. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.„За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот столб е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди околина, услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но обврската за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание. Нашиот највисок рангиран е Универзитетот Кирил и Методиј и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови“, рече Мицкоски.Оттука рече претседателот Мицкоски, одлучивме да предложиме повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.„Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги“, кажа Мицкоски.Мицкоски укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни месец ќе гледа да направи се сите ученици да имаат книги.„Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знаат дека ќе биде поразена и се обидуваат да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski02032024

Мицкоски: Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги награди сите наставно образовни лица кои се занимаваат со наука сo дополнителни 50% секој месец во неговата плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“ која се одржа во Куманово спомена дека основниот фундамент е враќање на претшколското образование во рамките на министерството за образование.„Потребно е образованиот процес да биде комплетен. Сега имаме чувство дека образовниот процес не е комплетен. Кога зборувам дека не е комплетен, мислам во рамките на министерството за образование. Имаме основно, имаме средно и високо образование. Но, ни недостасува еден фундамент односно базата, а тоа претшколското образование, односно популарно наречените градинки. Тие се сега под одговорноста на министерството за труд и социјална политика. Во оној процес на реорганизирање и реструктуирање на Владата каде што планираме фундаментални реформи бидејќи цениме дека Владата вака како што е составена некако како да не одговара на современите текови кои што се потреба на граѓаните“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира реорганизација во Владата, во самите ресори.„Претшколската едукација односно предосновното образование треба да го вратиме онаму каде што припаѓа, а тоа е во рамките на министерството за образование и наука“, нагласи тој.Тој рече дека е потребно и мотивација на наставно образованиот кадар.„Потребно е да се поработи и на мотивација на наставно образованиот кадар. Како ќе се мотивираме? Ќе се мотивираме како што се мотивираат во најголем дел од случаите, многу помалку луѓето денеска се мотивираат на поинаков начин освен материјално и финансиски. ние се обидовме во нашата програма да најдеме еден вид синергија помеѓу науката и финансиското мотивирање. И што направивме? Дадовме предлог во кој што секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, а тоа списание е дел од индексираната база „Томсон Ројтерс“ позната во науката како „web of science“ тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски укажа дека ако за наставното образовно лице одвојува државата за неговата месечна плата нето 60.000 денари, а тој во претходната година објавил труд во списание на влијание, тогаш следната година 12 месеци државата ќе одвојува 90.000 денари за тоа образовно лице секој месец. Секој кој што ќе се занимава со наука ќе биде награден.

Македонија | пред 1 година

mickoski-Konvencija-1-02032024

Мицкоски: Откако ги понижија македонските интереси СДС во очај и немајќи што да понудат водат лажна и валкана кампања

СДС практично во очај, немајќи што да понуди на граѓаните, мислејќи дека на ваков начин со лажна и валкана кампања ќе нанесат штета и врз мене и врз идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Виена, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со лажните вести кои СДС ги пласира за средби со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.Откако практично се прифатија, откако практично зададоа жесток удар врз македонскиот идентитет неколку пати во изминативе години, откако не само што ја понижија и ограбија Македонија тие направија нешто кое следните генерации ќе треба да го исправат и сега наместо да бидат свесни за сето тоа што го направија и да направат чекор назад и да се обидат преку некаква позитивна кампања да привлечат глас повеќе, ако може, тие се обидуваат со една ваква ниска лажлива кампања да добијат некој поен повеќе, но нема да добијат, потенцираше Мицкоски.Мицкоски истакна дека се разбира дека тоа се лажни извештаи од луѓе кои за неколку недели од сега нема да бидат таму каде што се, но им порача нека продолжат со таа лажна кампања, со ниско ниво, а ВМРО-ДПМНЕ се разбира ќе продолжи достоинствено и секаде особено надвор да се бори за Македонија.- Ние на онаков начин како што му доликува на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да се бориме надвор од Македонија, ќе продолжиме да се бориме и во рамките на ЕПП и овде во Австрија и претходно во Франција, Швајцарија и насекаде во светот ќе продолжиме да се бориме за македонските национални интереси. Ќе продолжиме да се бориме да обезбедиме подобар живот за македонските граѓани, за иднината на Македонија како држава, затоа што ние сме ВМРО-ДПМНЕ и ние сме различни од СДС, а граѓаните може да направат разлика и да донесат заклучок, нагласи Мицкоски.Мицкоски потенцира дека од едната страна е понудата која ја нудат Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби, Миле Зечевиќ, Бојан Маричиќ, Димитар Ковачевски а од другата страна е понудата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ борејќи се за македонскиот идентитет, подобра иднина, стандард, проекти насекаде.

Македонија | пред 1 година

Igor-Janushev

Јанушев: Единствениот виновник за хаосот со личните документи се СДС и ДУИ

Јас го кажувам тоа што го мисли секој граѓанин во Македонија, а тоа е дека проблемот лежи во неспособноста на СДС и на владата која што, впрочем, и ги генерираше проблемите и тие се тие, СДС и ДУИ кои што ја создадоа паниката со личните документи, вели пратеникот и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Клик плус“ на Тв21.Тој додаде дека во периодот на формирање на техничката влада имаше повеќе од милион и 300 илјади македонски граѓани кои што беа без пасоши, а тврдењата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ сега е на власт и треба да го реши проблемот, се приказни за мали деца.“Јас ги разбирам СДС, свесни се за поразот и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде само за два месеци на власт. Во овој момент, за жал, државата сеуште ја води оваа криминално рекетарска банда на СДС и ДУИ и единствениот виновник за проблемот со личните документи се само и само оние кои што ја водат државата изминатите години. Во недостиг на било какви аргументи, во недостиг на било какви факти, во недостиг на било какви други бројки од тоа што имавме прилика да го видиме во изминатиот период, единствена реторика која што му останува на СДС е да зборува дека ВМРО е виновно- рече Јанушев.Додаде дека поранешниот министер за внатрешни работи, две и пол години порачувал обрасци со старото име иако бил свесен дека валидноста на истите ќе биде до февруари месец 2024 година.„Не може тој човек да не сноси никаква одговорност кога свесно ја донел целокупната јавност во една ситуација на манипулација. Не само што граѓаните не можат да патуваат, не само што ги направија затвореници во сопствената држава и ги ставија во притвор, туку предизвикаа и сериозна материјална штета“, истакна Јанушев.Тој додаде дека јавното обвинителство треба да постапува и по допрен глас, посочувајќи дека кога ја поднесуваше кривичната пријава рече дека ова е сериозна проба за новиот избран јавен обвинител да покаже, дали е марионета во рацете на власта или навистина заслужува да ја извршува таа функција.„Месец дена подоцна доаѓаме до заклучок, барем од ова до сега, дај Боже да сум грешка во моето тврдење, дека е марионета во рацете на СДС и ДУИ“, потенцираше Јанушев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Стево рекол, Пендаровски порекол

„Пендаровски Стево го погази достоинството на функцијата претседател, но и достоинството на народот и на државата.Се што ветуваше пред да дојде на позицијата, после тоа го посипа со пепел.Работата е Стево рекол, Пендаровски порекол.Додека СЈО го користеа за прогон на политичките неистомисленици, тој му ветуваше продолжување на мандатот онолку години колку што му треба. Кога врхушката од СЈО самото стана синоним за криминал и рекет, а Пендаровски и екипата од СДС сакаа да направат ново пазарење со правдата, Стево потпиша измени на казнениот законик со што сите помпезни случаи пропаднаа, но и оние кои се однесуваа на функционери на СДС. Стево низ вода ја пушти паролата “нема правда- нема мир“ со која ги манипулираше луѓето во 2016 и 2019.Пендаровски е прочитана книга. Граѓаните знаат дека со голема резерва треба да ги прифаќаат неговите фрази и зборови во претстојната кампања. Стево Пендаровски го изгуби целиот кредибилитет и интегритет во очите на јавноста.Време е да си замине од политичката сцена. Народот во тоа ќе му помогне“, велат од ВМРО

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР јасно констатира дека власта е неподготвена, неспособна и криминална

„Недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата. Оваа состојба предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба или реконструкција на делниците, стои во Извештајот на Државниот Завод за ревизија за работата на ЈП државни патишта во 2022 година. ДЗР буквално кажува дека владата нема поим што прави.Како СДС и ДУИ работат може да се види по 2 километри ветен автопат од Скопје кон Блаце кој со години никако да го направат.7 години власта не може да го заврши автопатот Кичево - Охрид.Понатаму ДЗР констатира утврдува дека има неправилности во начинот на управување и евидентирање на залихите на материјали и ситен инвентар. Едноставно кажано власта краде и од залихите на претпријатијата.Каде завршиле залихите на ЈП Државни патишта за кои ДЗР утврдило дека недостасуваат?Нема сегмент во кој власта не прави криминал. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Не знаевме дека националната гарда и македонското знаме е лична сопственост на Пендаровски

„Не знаевме дека националната гардата и развиорувањето на македонското знаме е лична сопственост на Стево Пендаровски.Мислевме дека таа припаѓа на сите граѓани.Истата гарда и знаме ги употребувал и претседателот Ѓорѓе Иванов. Дали тоа значи дека Пендаровски го крадел Иванов?Инаку ваквите обвинувања за плагијат доаѓаат од партијата која слоганот за кампања "Повеќе за сите" го украде од една приватна банка во државата.Очигледно СДС работи како банка која заработува од кредите и камати. Но барем ваквата реакција покажува дека се и тие се восхитуваат на работата на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМР-дпмнеО.

Македонија | пред 1 година

vmro-dpmne-sediste1

До крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ нема да постои како партија, вели Палевски

До крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ нема да постои како партија, предупредува Љупчо Палевски во денешната епизода на Тешки муабети, објаснувајќи го процесот што според него ќе се случи за бришење на партијата.– “Се согласувам со Мицкоски дека има политички монтирани случаи, но тие не реагираа кога имаше политички монтирани случаи и за други што не се ДПМНЕ, плачат само кога е шампитата во прашање.Еве ова е предупредување, до крајот на 2022 година ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избришана од списокот на политички партии.Спојот од Талир 2 и Плацеви на Водно ќе доведе до прогласување на партијата за злосторничко здружување, кога ќе ја донесе таа одлука Кривичниот суд, ВМРО-ДПМНЕ ќе престане да постои како партија. И ова е добронамерно предупредување, не сакам да се случи тоа”, вели Палевски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања