Промени тема
Контакт

ВОДА

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Глумово и Горна Матка вечерва без вода од 22 часот

Поради санација на потисниот дел во хидрофорот Глумово, вечерва од 22 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето во Глумово и Горна Матка.Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради работните активности од употреба ќе бидат исклучени хидрофорската постројка Глумово и пумпната станица Горна Матка.Прекинот ќе трае до завршување на санацијата.

Скопје | пред 58 минути

bez-voda

Проверете го списокот: Овие населени места утре ќе останат без вода

Жителите на Љубош и Батинци во Општина Студеничани утре, 19 ноември (четврток), ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводна цевка со профил од 150 милиметри на улицата „Пат за Батинци“.Од ЈКП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 5 часот наутро и ќе трае до завршувањето на санацијата на дефектот.

Скопје | пред 19 часа

media-libraryj4kjb8bl7jrh9H2WlcX

Седум цистерни доставуваат техничка вода во Штип, Црвениот крст обезбедува вода за пиење

Во снабдувањето со техничка вода во Штип се вклучени вкупно седум цистерни, информираат од ЈП „Исар“.Две цистерни се на јавното претпријатие „Исар“, две на ТППЕ Штип, а по една обезбедуваат ЈКП „Карбинци“, „Стентон градба“ и ТППЕ Свети Николе.Дополнително, волонтери од Црвениот крст – Штип и општествено одговорни компании помагаат со донации на флаширана вода за пиење.

Македонија | пред 20 часа

media-librarydre7mnlq7eml8TKZyya

Јорданов прогласи кризна состојба во делови од Штип: По 40 часа без вода, нов дефект ќе го продолжи прекинот за уште 24 часа

Жителите на повеќе населби во Штип ќе останат без вода повеќе од 24 часа поради нов дефект на главната водоводна линија, соопшти градоначалникот Иван Јорданов. Тој најави мобилизирање на сите расположливи ресурси за побрзо санирање на дефектот и обезбедување вода за засегнатите домаќинства.Како што информира Јорданов, дефектот настанал на водоводна линија стара повеќе од 50 години, на која Јавното претпријатие „Исар“ во изминатите 40 часа изведувало работни активности. По нивното завршување и но

Македонија | пред 21 час

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места

ЈП „Водовод и канализација“ – Струга со ново известување потврди дека водата од водоводната мрежа на целата територија на општината не е безбедна за пиење поради зголемена заматеност.Според објавените мерења, на повеќе мерни места се регистрирани вредности над дозволената граница од 1,5 НТУ. Највисока заматеност е измерена во селото Враништа – 1,89 НТУ, додека во Општата болница се измерени 1,8 НТУ, кај „Макпетрол“ 1,64, а во градинката „Сонце“ 1,62 НТУ.Од претпријатието ги повикаа граѓаните да

Македонија | пред 1 ден

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Дел од Скопје денеска без вода поради дефект на водоводна мрежа

Поради дефект на затворач со профил од 80 милиметри на улицата „Партиение Зографски“ број 89, денеска, 17 ноември, ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците на три скопски улици.Без вода ќе останат жителите на дел од улицата „Партиение Зографски“, дел од „Периша Савелиќ“ и дел од улицата „Ацо Караманов“.Прекинот започнал во 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Скопје | пред 2 дена

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Неколку улици во Центар утре без вода поради уличен дефект

Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил од 80 милиметри на улицата „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, кај маркетот „ДИМ“, утре (сабота, 14 ноември) од 09:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Општина Центар.Без вода ќе бидат корисниците на улиците „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, „Славко Јаневски“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“.Информацијата е соопштена од ЈКП „Водовод и канализација“.

Скопје | пред 5 дена

regulatorna

Без вода делови од Гази Баба и Карпош поради интервенции на водоводната мрежа

Поради изведување работни активности на водоводната мрежа, денеска (четврток, 12 ноември) ќе има прекини во водоснабдувањето на неколку улици во Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.Во општина Гази Баба, поради монтажа на нов затворач (шибер) со димензија Ф100 мм на улицата „Вамбел“ бр. 7, без вода ќе останат корисниците на улицата „Вамбел“ и делови од улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“. Прекинот ќе започне во 8:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.И

Скопје | пред 1 седмица

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Дел од Чаир денеска без вода

Жителите на дел од улицата „Џон Кенеди“ во скопската општина Чаир денеска ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок на улицата „Ферид Заири“ бр. 12.Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.Поради интервенцијата, во населбата Топанско Поле се очекува намален притисок на водата.

Скопје | пред 1 седмица

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Денеска без вода делови од Гази Баба и Центар

Најавени се прекини во водоснабдувањето во делови од општините Гази Баба и Центар поради интервенции на водоводната мрежа.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, 10 ноември, поради промена на шибери на нова водоводна мрежа и воздушен вентил на улицата „Душан Тасковиќ“ бр. 49, без вода ќе бидат корисниците на оваа улица, делови од улиците „Коце Металец“, „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџиска“, како и улиците „Тајмишка“ и „Зеничка“ во општина Гази Баба. Прекинот ќе трае до завршување на

Скопје | пред 1 седмица

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

И во Центар утре ќе нема вода, прекинот започнува во 10 часот

Жителите на дел од општина Центар утре, 10 ноември (вторник), ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок на улицата „29 Ноември“ бр. 53.Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе започне во 10 часот и ќе ги опфати корисниците од дел од улицата „29 Ноември“, како и потегот од улицата „Васил Стефановски“ до „Борка Талевски“.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности и санирање на дефектот.

Скопје | пред 1 седмица

nema-voda

Повеќе улици во Гази Баба утре без вода поради интервенции на водоводната мрежа, проверете дали сте на списокот

Поради интервенции на водоводната мрежа, утре (вторник, 10 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во скопската општина Гази Баба.Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради промена на шибер на нова водоводна мрежа со профил Ф100 мм и замена на воздушен вентил Ф80 мм, на улицата „Душан Тасковиќ“ бр. 49.Без вода ќе бидат жителите на улицата „Душан Тасковиќ“, делови од улиците „Коце Металец“, „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџиска“, како и улиците „Тајмишka“ и

Скопје | пред 1 седмица

regulatorna

Утре од 08:30 часот прекин на водата во дел од Чаир, проверете дали сте на списокот

Поради изведување нов водоводен приклучок, утре (вторник, 10 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од општина Чаир.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради поврзување на водоводен приклучок од Ф250 на Ф125 милиметри, без вода ќе останат корисниците од дел од улицата „Џон Кенеди“, додека населбата Топанско Поле ќе биде со намален притисок.Прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Скопје | пред 1 седмица

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Од 9 часот прекин на водата во дел од Карпош

Поради интервенција на водоводната мрежа, денеска (понеделник, 9 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од општина Карпош.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека без вода ќе останат корисниците на улицата „Никола Парапунов“, на раскрсницата со улицата „Разловечка“. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

„Водовод“ најави прекин: Овие корисници денес ќе останат без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денес, четврток (5 ноември 2026 година), поради изведување работни активности за поврзување на старата со новата водоводна мрежа на улицата „Анте Хаџи Митков“ б.б., ќе има прекин во водоснабдувањето.Без вода ќе останат корисниците од улицата „Стефан Цветковски“ во општина Центар.Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Скопје | пред 2 седмици

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Дел од Центар денес без вода, прекин и во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Корисниците на дел од улицата „Борка Талевски“ во Општина Центар утре ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводната мрежа.Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, станува збор за дефект на водоводна цевка со профил Ф-80 мм, на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“.Поради интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Рајко Жинзифов“, вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.Пре

Скопје | пред 2 седмици

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Без вода дел од Центар и Гази Баба

Дел од корисниците во скопските општини Центар и Гази Баба денеска ќе останат без вода поради планирани интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.Од 9 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците на дел од улицата „Коце Металец“ бр. 6 во општина Гази Баба, поради промена на вентил.Од 11 часот, па сè до завршувањето на работните активности, без вода ќе биде објектот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во општина Центар, поради промена на затворач на ул

Скопје | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Без вода дел од Центар: Проверете дали сте опфатени

Жителите на дел од Општина Центар денес ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.Станува збор за дефект на водоводна цевка со профил Ф-80 мм, на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“.Поради интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Борка Талевски“, на потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов“.Без вода ќе биде и Основното општинско училиште „Јохан Хајнрих Пест

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат најновите анализи

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат резултатите од најновите лабораториски испитувања објавени од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.Во периодот од 26 до 30 октомври 2026 година, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 382 примероци вода од 42 мерни места во градот. Од нив, 191 примерок биле наменети за физичко-хемиска, а исто толку за микробиолошка анализа.Според добиените резултати, сите испитани примероци одговараат на барањата

Скопје | пред 2 седмици

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Делови од Чучер Сандево и Карпош денеска без вода

Поради планирани интервенции на водоводната мрежа, денеска (петок, 30 октомври) прекини во водоснабдувањето ќе има во делови од општините Чучер Сандево и Карпош, информираат од ЈКП „Водовод и канализација“ – Скопје.Во општина Чучер Сандево, поради поставување регулатор за притисок на водоводната мрежа на улицата „Призренска“, без вода од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците на оваа улица и во населбата Кучевишка Бара. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.Во општина Карпош, п

Скопје | пред 2 седмици

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Делови од Карпош и Чучер Сандево утре без вода

Дел од жителите на општините Карпош и Чучер Сандево утре ќе останат без вода поради планирани интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈКП „Водовод и канализација“.Во општина Чучер Сандево, поради поставување регулатор за притисок на водоводната мрежа на улицата Призренска б. б., од 8:30 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето за дел од корисниците на улиците Призренска и Кучевишка Бара. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.Во општина Карпош, поради изведување водоводе

Скопје | пред 2 седмици

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Денес без вода Батинци и делови од Чаир

Дел од жителите на Батинци и на општина Чаир денеска, 27 октомври, ќе останат без вода поради планирани работни активности на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.Во Батинци, општина Студеничани, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот поради чистење на резервоарот и ќе трае до завршување на работните активности.Без вода од 9 часот ќе бидат и корисниците на улиците Чаирска, Отокар Кершовани, Васил Аџиларски, 397, Мимар Синан, Албански националдемократи и Петар Георгиев, во општина Чаи

Скопје | пред 3 седмици

bez-voda

Утре без вода во делови од Скопје – проверете дали сте на списокот

Во вторник, 27 октомври, делови од Скопје ќе останат без вода поради планирани работни активности, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.Прекин на водоснабдувањето од 9 часот е најавен во Батинци, во општина Студеничани, поради чистење на резервоарот.Без вода ќе бидат и корисниците на улиците Чаирска, Отокар Кершовани, Васил Аџиларски, 397, Мимар Синан, Албански националдемократи и Петар Георгиев, во општина Чаир, поради исклучување на старата водоводна мрежа.Прекините ќе траат до завршувањ

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Испитани 318 примероци од вода во Скопје, сите ги исполнуваат стандардите

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажува најновиот неделен лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.Во периодот од 19 до 22 октомври, Секторот за санитарна контрола испитал 159 примероци за физичко-хемиска и уште 159 примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 44 мерни места низ градот.Според добиените резултати, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Водата станува глобален проблем: ЕУ предупредува на суши, миграции и конфликти

Околу четири милијарди луѓе во светот секоја година се соочуваат со сериозен недостиг на вода во период од најмалку еден месец, предупредува Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), кој побара итни мерки од Европската Унија за заштита и обновување на водните ресурси.Според ова советодавно тело на ЕУ, климатските промени, неодржливото користење на водата и промените во намената на земјиштето сè повеќе го нарушуваат природниот воден циклус, со последици врз снабдувањето со храна и вода за

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања