ВОДИЦИ

vodici-kiselavoda-4

(Фото) Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се попосетена, и годинава започна со литија од храмот Св. Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во општина Кисела Вода, збогатена со песните од КУД “Китка”. Најсреќниот учесник што го извади Богојавленскиот Крст од водите, Илија Мелоски за себе и за најблиските посака здравје и среќа, а наградите одлучи да ги донира.-Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД “Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Да сте ми здрави и живи, а следната година повесели и помасовни-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

474092367_616537197593466_1581666234605094733_n

(Фото) Матеј и Далибор се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром

Матеј и Далибор годинава се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром.Матеј од Горно Лисиче го фати крстот положен во Маркова Река, а Далибор во езерото во комплексот „Јасика".В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, им посака многу здравје и среќа на сите храбри учесници и им го честита големиот христијански празник на сите православни верници.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-130518

(Видео) Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.„Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава“, посака Танески.„Вадењето на светот крст од водите на Радика од страна на ростушанец нека биде за благослов на сите луѓе што живеат во овој крај, благослов за растење и развој на регионот. За многу години. Нека бог ја излее својата благодат за да има на земјата многу мир, многу љубов и меѓу луѓето добра волја“, порача владиката Партениј.Овој пат имаше рекордна бројка од околу 300 верници, кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика, кои најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.

Македонија | пред 1 година

vodici-centar-2

Герасимовски: Имаме обврска да се грижиме едни за други, Водици нека донесе мир, љубов и духовна сила на сите

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Водици.„Нека овој ден ни донесе мир, љубов и духовна сила на сите. Денеска, повеќе од било кога, имаме обврска да се грижиме едни за други, да вложуваме во нашите општини и да работиме за заедничка добробит. 2025-та да ни донесе повеќе меѓусебно разбирање, повеќе солидарност и помош, бидејќи само така ќе изградиме држава во која ќе сакаме да живееме.На младиот Станислав Пашоски му честитам за храброста да го фати светиот крст во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец и му посакувам многу здравје, среќа и мир на него и на целото семејство.Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление - Водици! Бог се јави!”, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

Vodici-Ohrid_Venko

(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството

Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош, којшто денеска го фати крстот.Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните

„Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Како што се отворија небесата над Јордан, потврдувајќи ја светоста на овој чин, така и денес нека ни се отворат патиштата кон мир, разбирање и благослов. Овој свет ден нè потсетува на вредноста на верата, духовното единство и љубовта кон ближните. Затоа, да го негуваме духот на заедништвото, почитта и поддршката еден кон друг, ставајќи ги мирот и добрината во прв план.Нашето општество мора да се темели на меѓусебната почит и стремежот кон соживот. Нека оваа празнична свеченост нè потсети на нашата обврска да го чуваме и унапредуваме заедничкото живеење, прифаќајќи ја различноста како вредност која нè збогатува сите нас.Воедно треба да бидеме свесни дека промените за кои работиме и за кои сакаме да се случат зависат од сите нас. Иднината мора да биде заедничка и секој ден мора да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет.Посакувам срдечна прослава, семејна топлина и радост во овој убав празничен ден, а благодатта на денешното осветување да биде наша водилка низ животот“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova1

Сиљановска-Давкова: На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление ̶ Водици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.„На овој светол и благословен ден, кога небото се отвора и Божјата светлина се спушта на Земјата, ви го честитам големиот христијански празник Богојавление ̶ Водици.Овој празник има длабоко духовно значење и особена симболика во нашата вера. Исусовото крштевање во реката Јордан не претставува само осветување на водата, туку чистење, духовна обнова и нов почеток. Богојавление е ден кога ја чувствуваме Божјата присутност во нашите животи, ден кога со отворено срце ја примаме љубовта и светлината којашто Бог ни ја дарува, потврдувајќи ја нашата верба во него.Денес кога го славиме Божјото откровение на Земјата, ние сме повикани да го покажеме најдоброто и најсветлото на овој свет. Оваа година нека биде година на обнова, љубов и заедништво, со Божји благослов, а овој празник нека биде поттик за сите нас со верба да продолжиме по патот на љубовта и правдата, да бидеме светлина за другите и да градиме поубав свет исполнет со милост и со сплотеност.Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление ‒ Водици. Бог се јави!“, се вели во честитката на претседателката.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-12.31.14

Бог се јави! Денес е Богојавление: Обичаите велат дека почнуваат деновите погодни за венчавки, а дома се носи света вода

Македонската православна црква и верниците денеска го слават големиот христијански празник Богојавление Водици. Водици се празнуваат на 19 јануари и тој е постојан празник, не се менува од година во година. Според христијанското предание, кога Христос имал 30 години, дошол на реката Јордан за да го крсти Свети Јован.Чувствувајќи дека Месијата е пред него, свети Јован го пречекува Исус со зборовите: „Треба да ме крстиш и дојди кај мене за да можам да те крстам“. Исус му одговорил: „Остави го сега, зашто треба да ја исполниме сета правда“. По тие зборови, Синот Божји влезе во Јордан. Тогаш небото се отвори над него и Светиот Дух се спушти на Исус во вид на гулаб. Во исто време, од небото се слушна гласот на Бог Отецот, кој вели: „Овој е мојот возљубен Син. Тој е по моја волја“.Иако, при крштевањето на Исус, Бог се јавил во три лица – Бог Отецот зборувал од небото, Бог Синот се крстил во Јордан, а Бог Светиот Дух, во вид на гулаб, се спуштил од небото на главата на Христос. Тој момент го претставува објавувањето на Богочовекот и воведувањето на Христос во месијанската мисија. Настанот на откровението на Богочовекот, според светите книги, се празнува како Богојавление. Исто така, Црквата ја воспостави Светата тајна крштение за секој човек. Со крштевањето се станува член на Христовата црква и душата се чисти од секој грев.На денот на Богојавление (пред Богојавление), како и на самиот празник, после литургијата се врши големо осветување на водата во храмот или во портата на храмот. Таа вода се зема и се носи дома. Се чува како чудотворно свето богатство. Никогаш не се распаѓа. Куќата е попрскана со неа за осветување и заштита од демони и други нечисти сили. Се пие во текот на целата година за исцелување и заштита од сите болести, очистување од лоши страсти и за простување на гревовите, очистување на душата и телото.Богојавлената вода порано ја пиеле трудниците за да се „отворат како небо на Водици“ и лесно да се породат. Оваа вода се истура и во бунарот за да се прочисти доколку некое животно падне во него. Во старо време се давале свети вода на болните кои не можеле да одат на причест во црква.Обичаи и верувањаНа Водици верниците се поздравуваат со зборовите „Христос се јави“ и се збогуваат со „Навистина се јави“.Како и за другите празници, така и за Богојавление има различни обичаи. Според вообичаениот календар денеска почнуваат деновите погодни за свадби.Пливањето за светиот крст и вадењето на крстот од реките и езерата е обичај што се одржува во многу наши краеви.

Македонија | пред 1 година

6caa832f-c66e-4bae-b482-256ca5424227

Васко Довлев е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид

Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и се упатија кон пристаништето.Крстот во осветените води на Охридското Езеро беше положен од Светилникот на пристаништето.Васко Довлев од охридската населба Варош е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања