„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВОДНО

vodno-kula-51345

За ресторанот во кулата на Водно: „Сигурно нема да одат со жичара, па ќе го отвориме патот за коли па свадби, па пијани морони и толку од уживањето“

Новата кула на Водно, која неодамна беше осветлена, предвидува во неа да има ресторан што ќе се ротира 360 степени во рок од еден час, со што посетителите би имале панорамски поглед на цело Скопје.Сепак, идејата предизвикува сомнежи кај дел од јавноста. На социјалните мрежи веќе се појавија критики дека проектот би можел да создаде повеќе проблеми отколку придобивки.Инфлуенсерката која пишува под псевдонимот Ина Многуфина, саркастично коментира: „Познавајќи ги работите кај нас, тоа ќе се врти три саати, ќе се расипе и никогаш повеќе нема да проработи. Но, битно ресторан да има“.Исто така, отворањето на Водно за автомобили би значело нарушување на природното и рекреативно доживување на планината.„Сигурно на вечера со жичара нема да одат, таа има работно време пократко од ресторан. Значи ќе му го отвориме патот за коли, за да се наполнат масите. Потоа свадби, веселби, пијани морони со коли и паркирања по тревите... толку од уживањето на врвот“, пишува таа.Дел од јавноста оценува дека потребно е внимателно да се размисли за идната намена на кулата, за да не се уништи природниот амбиент на Водно.

Коментари | пред 6 месеци

krst-vodno

(ВИДЕО) Скопје од најголемата височина, Орце Симов сними како се симнува од највисоката точка, телекомуникациската кула на Водно во завршна фаза

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Орце Симов, објави видео на својот Фејсбук профил во кое вели дека го почнува симнувањето од највисоката точка на телекомуникациската кула на Водно.Освен тоа, напиша и дека бјектот е во завршна фаза, а остануваат уште неколку ситни работи и приклучокот за електрична енергија со ЕВН. Во објавата, Симов сподели и неколку фотографии и видеа од теренот, нагласувајќи дека за десетина дена проектот треба целосно да биде финализиран.

Скопје | пред 6 месеци

vodno

Обид за намерно потпалување на Средно Водно – пронајден материјал за запалување

Подготвен материјал за потпалување, составен од дрвен отпад, хартиени кеси и гранки, бил пронајден доцна синоќа на патеката кон Средно Водно. Случајот го пријавил граѓанин, по што полициска екипа излегла на терен и извршила увид.-На 25.07.2025 во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување. Излезено е на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.

Скопје | пред 7 месеци

bez-voda

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.„Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, велат оттаму.

Скопје | пред 7 месеци

44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Жичарницата на Водно не работи

„Жичарницата на Водно не работи“, извести ЈСП и додава:„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“.

Скопје | пред 1 година

IMG_6348

(Видео) Детали за пожарот во планинарскиот дом на Водно, Ангелов: Имало и вандализам, се започнало од пред домот

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов посочува дека пожарот во планинарскиот дом “Даре Џамбаз” на Водно започнал од пред објектот, по што биле зафатени дрвени делови, па внатрешноста. Според него, на врвот на Водно имало и вандализам.Ангелов посочува дека искршено било и стаклото на маркетот кој се наоѓа под крстот. Тој посочува дека полицијата трага по лицата кои го сториле тоа.Пожарот е изгаснат, а просторот се чисти. Полицијата врши увид.

Скопје | пред 1 година

IMG_6343

Пожар изби во планинарскиот дом “Даре Џамбаз" на врвот на Водно

Пожар изби во планинарскиот дом “Даре Џамбаз" на врвот на Водно, соопшти ЦУК.Екипи на БППЗ Скопје се упатија кон врвот.“Со директорот на ЦУК Ангелов се движиме кон пожарот, повеќе информации за десетина минути”, додаваат оттаму.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-05-31-at-10.18.10

Внимание! Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, алармира ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата "Рапид Билд ДОО" дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје - Тетово - Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година:- на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни;- на делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и- на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.Во известувањето до ЦУК, "Рапид Билд" известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје - Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-06-08-at-15.18.00

ФОТО: Гори Водно, густ чад над Скопје

Дел од планината Водно гори од попладнево. Густ чад се шири над планината, а се гледа од скопската општина Ѓорче Петров.Граѓаните алармираат на социјалните мрежи за пожарот, а нема информации дали веќе противпожарните бригади се упатиле за да го изгаснат огнот.Засега, нема информации ниту како настанал пожарот, како и колку истиот е проширен и дали е теренот е пристапен. Она што е познато е дека е далеку од населените места.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-13-at-13.05.54

(ФОТО) Запрена градба на седум нивоа на Водно, се бара итно отстранување

Затворено е градилиште на Водно. Инспекциите на Општина Центар издале и решение за отстранување на градба која е на седум ката.„Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата.Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11.8 метри на 8.9 метри, изграден од армирано бетонска конструкција на улица „Христо Чернопеев“ бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2.На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор на 20.7.2021 година, му издал Решение со кое му се наложува итен прекин на градежните работи. И покрај добиеното решение за прекин на изградбатата, инвеститорот продолжил со изградба на објектот, спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.Врз основ на член 134, став 1, алинеа 3 и 4 и член 137 став 1 од Законот за градење, овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши контролен инспекциски надзор и донесе решение со кое му наложи на инвестирот во зададен рок да ја отстрани градбата. Во спротивно, општината ќе пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците од извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот“, вели Општина Центар.„Апелирам до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да ги почитуваат издадените решенија за отстранување на објекти, затоа што во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците“, додава градоначалникот Герасимовски.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања