Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВОЈНА

Нема фотографија

30 борци од Македонија загинале во борбите со руските сили

Руското Министерство за одбрана објави вкупен број на странски борци кои војуваат на страната на Украина и број на вкупно загинати. Според податоците што ги прикажуваат руските власти, 30 од 90 борци од Македонија загинале во борбите со руските сили. Нема податоци дали и колку лица од Македонија евенетуално се борат на руска страна.„Почнувајќи од 24 февруари 2022 година, вкупно 13.387 странски платеници пристигнаа во Украина за да се борат за неонацистите“, наведе руското МНР и објави табела по континенти и одделно за секоја земја од светот која, според наведеното, има платеници во Украина.На таа табела пишува дека на украинска страна од тој датум, 24 февруари 2022 година, биле регистрирани 90 лица од Македонија, а дека 30 се „елиминирани“.Македонските власти сеуште немаат објавено податок за тоа  дали и колку македонски државјани се вклучиле во оваа војна.Најмногу „платеници“ има од Полска, близу три илјади, од кои половината – 1.497 ги загубиле животите на фронтот. После Полска следуваат САД, Канада, Грузија и Обединетото Кралство, а процентот на загинати  се движи од 40 до 50 отсто.Од нашиот регион, најголем број борци се од Хрватска – 332, од Босна и Херцеговина – 207, од Албанија – 192, од Косово – 191, потоа следува Македонија со 90 лица, од Бугарија – 32, од Грција – 4 и од Србија е наведено само едно лице дека се приклучило на украинските сили.Според податоците кои ги објави рускот МНР, вкупно на украинска страна имало 13.387 странски борци од кои 5.962 загинале.

Македонија | пред 2 години

bd0a4df5-2d05-470e-bc2f-08420b98e14f

Британските разузнавачи зборуваа за ситуацијата во Мариупол

Тешките борби и руските воздушни напади продолжуваат во опколениот украински град Мариупол, соопшти британското воено разузнавање.„Хуманитарната ситуација во градот се влошува“, соопшти Министерството за одбрана.„Повеќето од 160.000 преостанати жители немаат струја, комуникации, лекови, греење или вода. Руските сили спречија хуманитарен пристап, веројатно вршејќи притисок врз ветераните да се предадат.Украинските медиуми јавија за експлозии во регионот Лавов на запад и регионот Дњепропетровск на југоисток.Воениот администратор на Лавов, Максим Козицки, ги потврдил експлозиите во близина на градот Радехив, североисточно од Лавов, објави во вторникот вечерта Украинската правда.Засега нема информации за жртви, рече тој.Во регионот Днепропетровск, очевидци рекоа дека виделе експлозии во Новомосковск, индустриски град на околу 25 километри североисточно од главниот град на регионот Днепро, според украинската правда.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања