Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВОЈО ДИМОСКИ

media-librarym8hmt9gm6hffeAaGGLy

Адвокатот Димоски до Филков за притворот на Груби: Неспорна е одговорноста само на извршната власт

Министерот за правда, Игор Филков јавно ги повика сите инволвирани во постапката за поранешниот вицепремиер Артан Груби да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.Адвокатот Војо Димоски на социјалните мрежи упати остри критики кон Филков, оценувајќи дека неговите изјави во врска со определувањето на мерката притвор покажуваат „тотално непознавање на работите“.„Министерот за правда демонстрира тотално непознавање на работите со барањето да се испита работењето на судијата кој не определил ефективен притвор. Како да определи притвор кога Обвинителството предложило куќен притвор?Дискутабилна е и одговорноста на обвинителот во светло на постоење на мислење од АНБ и МВР дека притворот не бил безбеден за Груби.Неспорна е одговорноста само на извршната власт во случајов претставена преку МВР и АНБ.За поздравување е што фризурата на Министерот за правда е секогаш уредна, ама уште поважно е да си ги среди мислите“, вели Димоски.

Коментари | пред 2 седмици

Screenshot_13-1

Димоски: Авионот им е потребен да лечат комплекси летајќи на релација Скопје - Охрид

Адвокатот Војо Димоски на социјалните мрежи упати критики за набавката на државен авион за Македонија, истакнувајќи дека во земја со ограничен економски развој и високи задолжувања, единствената логична причина за авион би била личната корист на функционерите, а не јавниот интерес.„Безмалку 24 часа се трудам да разберам зошто ѝ е потребен државен авион на една мала и презадолжена балканска земја, без економски развој и со урнисани перспективи за интеграција во друштвото на нормалните држави.Единствената причина која се чини логична е дека авионот им е потребен на државните функционери да лечат комплекси летајќи на релација Скопје - Охрид како досега. Небаре малку комплекси лечат со досега ограбените народни пари.Телетабиленд“, вели Војо Димоски.

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања