(Видео) Се рони плафонот во трговскиот центар во Хиподром
Граѓанин во групата „Ѕид на Општина Гази Баба“ објави видео од трговскиот центар во населбата Хиподром, на кое се гледа дека плафонот во дел од објектот е во видно оштетена состојба.Од снимката може да се забележи дека делови од плафонот се изронети и оштетени, што отвора прашања за безбедноста на посетителите и вработените кои секојдневно престојуваат во трговскиот центар.Засега не е познато дали надлежните служби извршиле увид и дали ќе бидат преземени мерки за санација на оштетувањата. Видеот
Настани | пред 1 месец