Трамп ја отпушти новата портпаролка по помалку од една недела на функцијата
Новата портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, Кејти Закарија, остана без функцијата по помалку од една недела на работното место, објави „Њујорк тајмс“.Пред да биде отпуштена, Трамп изјави дека ја охрабрил да размисли за повлекување од позицијата. Според неговите зборови, тој ѝ порачал дека, доколку бил на нејзино место, би ја преиспитал одлуката и дека не смета оти оваа работа ѝ е потребна. Сепак, оставил можност Закарија да продолжи да работи за него во друга, попријатна улога.
Свет | пред 3 часа