Министерство за земјоделство: Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги – Мерка 131.1
Објавен е Јавен повик бр. 02/2026 за доставување на барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.Преку Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства, подмерка 131.1, се обезбедува поддршка за поттикнување на здружувањето.Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност согласно Законот за задругите и евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Барањата за користење на средствата се поднесуваат согласно пропишаните обрасци со целосна документација, а деталните информации, условите и формуларите за аплицирање се достапни на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Целта е поттикнување на здружување на земјоделските стопанства преку формирање на земјоделски задруги, со што ќе се подобри конкурентноста, организацијата на производството и пласманот на земјоделските производи“, информираат од Министерството за земјоделство.
Македонија | пред 1 ден