Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Охридски комуналец“ со апел: Картонската амбалажа одлагајте ја спакувана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-library7nse3u1vk2og9Pcbsa0

ЈП „Охридски комуналец“ упати потсетување до компаниите и домаќинствата за важноста од правилното одлагање на картонската амбалажа, посочувајќи дека несоодветното постапување со овој вид отпад создава дополнителни проблеми и непотребни трошоци.

— реклама —

Од претпријатието нагласуваат дека особено е значајно правните субјекти кои произведуваат поголеми количини картонски отпад да ги спакуваат и свиткаат картонските кутии пред нивното одлагање. Доколку тие се фрлаат во нивната оригинална форма, контејнерите многу побрзо се исполнуваат, често се преполнуваат, а дел од отпадот завршува расфрлан околу нив.

— реклама —

Според ЈП „Охридски комуналец“, ваквата практика го отежнува процесот на собирање и транспорт на материјалот наменет за рециклирање, а комуналните служби се соочуваат со дополнителни интервенции и повици за подигнување отпад надвор од предвидениот распоред, што финансиски го оптоварува претпријатието.

— реклама —

Од таму потсетуваат дека голем дел од правните субјекти, како и одредени домаќинства, располагаат со соодветни садови за одлагање хартија и картон, односно оградени метални или сини контејнери, кои треба да се користат на правилен начин.

— реклама —

„Апелираме картоните да се одлагаат спакувани. Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!“, порачуваат од ЈП „Охридски комуналец“, повикувајќи на поголема одговорност и еколошка свест кај граѓаните и деловната заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 1 седмица

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања