„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пациент претепал доктор на кожното одделение во тетовската болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

На Кожното одделение во клиничката болница во Тетово утринава околу 9 часот бил нападнат лекар. Случајот е пријавен во тетовската полиција. ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.

— реклама —

— реклама —

-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово. Тој бил нападнал од пациентот А.Б.( 43 ) од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

За настанот информираат и од Здружението на лекари Албанци во Северна Македонија каде членувал и нападнатиот лекар.

-Пациентот од нападнатиот лекар барал да добие изјава со потпис дека другиот лекарот не бил на работа каде што требало да биде примен на термин. Другиот лекар бил на состанок кај директорот. Пациентот револтиран што бил одбиен, го удрил и заминал. Во меѓувреме дошла полиција и за 15 минути, пациентот, пак, се вратил и во присуство на полицајци го дотепал докторот кој добил сериозни повреди. Значи, ни виновен ни должен бил нападнат, изјави Невзат Елези, претседател на здружението.

Неофицијално докторот по нападот паднал во бессознание, по што бил префрлен во клиничкиот центар во Скопје, каде пак по укажаната лекарска помош се освестил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања