Промени тема
Контакт

Пациенти умирале за да некој печали, некои наместо скапиот лек примале обичен физиолошки раствор - новинарката Мулачка открива за „Онкологија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
Screenshot-2023-09-02-at-20.45.44

Новинарката и уредничка од „Фокус“, Ирена Мулачка, која пишуваше за крадењето на скапите терапии од Клиниката за онкологија, посочува дека најтешко болните пациенти не добивале лекови, а некои од нив примале само физиолошки раствор.

— реклама —

„Во случајот Онкологија не станува збор само за финансиски криминал, за кој сме пишувале и пред 20 години. Туку пострашното е дека од воведувањето на скапата биолошка терапија од 2019 година, каде што една ампула за било кој вид на карцином чини од 2.000 до 4.000 евра, дел од пациентите примале и обичен физиолошки раствор, за што веќе објавивме во последниот број на неделникот „Фокус“, за да можат овие скапи лекови да се продаваат на црниот пазар во Косово. Најстрашното е со што биле лекувани најтешко болните пациенти и дали воопшто ја примиле неопходната терапија, која барем на некој начин ќе им помогне и е последна надеж за спас од подмолната болест...

— реклама —

Факт е дека позадината се парите, но пациенти умирале за некој да запечали, затоа што наместо скапиот лек да биде даден на нив бил продаван, а тие примале сосема други терапии, меѓу кои и обичен физиолошки раствор. Е, тоа е најморбидното и болното. Станува збор за онколошко злосторничко здружение...“, пишува Мулачка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања