ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Пациентите со хронични болести кои се со најголем ризик на смртност од КОВИД 19 и влошена здравствена состојба ќе останат ослободени од работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zdruzenie

Утрово, Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче се сретна со претставниците на здруженијата на пациенти. На средбата, тие ги изнесоа своите предлози за доследно спроведување на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот.

— реклама —

По средбата преку допис до медиумите се огласија и од здруженијата на пациенти. Тие ги пренесуваат  заклучоците од состанокот.

Претставниците на здруженијата и Министерот за здравство присутни на состаонокот се сложија за следните точки:

— реклама —

1. Пациентите со хронични болести кои се со најголем ризик на смртност од КОВИД 19 и влошена здравствена состојба ќе останат ослободени од работа со тоа што ќе треба да извадат боледување од докторот специјалист кој ги следи (разговаравме да бидат вклучени и докторите специјалисти кои се на приватни болници и водат пациенти со хронични заболувања).

2. Родителите на деца кои имаат високоризични хронични заболувања да останат ослободени од работа со тоа што ќе треба да извадат боледување од докторот специјалист кој ги следи.

3. За боледувањето дополнително ќе се одлучи во однос на висината на платата која се добива при боледување.

4. За специјалистите да може да вршат соодветно контролни прегледи за да издадат потврда, да се обезбедат посебно термини на клиниките (пример втора смена на работа и е-амбуланти за да не патуваат пациенти кои се со влошена здравствена состојба).

5. ФЗО да направи промена на правилникот за боледување за докторите специјалисти да може да даваат месец дена боледување и автоматски да се продлжува додека е потребно.

6. Почетокот на работа на пациентите со хронични заболувања се одложува до 23 септември и доколку е потребно ќе се направи дополнително одложување за сите пациенти да обезбедат соодветно боледување доколку им е потребно.

7. Понатамшно здруженијата на пациенти да имаат редовни состаноци со Министерство за здравство, ФЗО и други институции со цел да се носат соодветни одлуки за засегнатите граѓани.

Присутни здруженија на состанокот: БОРКА, ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, НЕФРОН, ХЕПАР центар, ПЕПЕРУТКА, Алијанса на Пациентски Организации - АПО.

 

https://www.facebook.com/APO.org.mk/photos/pcb.3290861484365779/3290858157699445/?type=3&theater

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања