Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Пациентка која веќе една недела лежи на инфектовно: Никогаш не сум видела вакво нешто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
biljana-1

ФБ статус на Билјана Михајловск, која лежи на Инфективно одделение (ГОБ „8 Септември"):

-Во болница сум веќе една недела, на Инфективно одделение (ГОБ „8 Септември"). Не ми е прв пат. Затоа и можам да констатирам дека никогаш не сум видела ваков режим на работа на медицинскиот персонал. Маски, редовна промена на ракавици, дезинфекција на секој топломер после секој пациент, секојдневна дезинфекција на сите површини во сите соби, кварцање на соби и ходници, во секоја соба средство за дезинфекција, забрана за влез на кое било лице во целата болница, забрана за шетање на пациентите по ходници и никаква меѓусебна комуникација...

— реклама —

Медицинските лица прават се што можат да спречат ширење на болести. Министерот за здравство никогаш не сме го гледале толку често на прес конференции и никогаш немало толку детални информации и упатства.

Е, па другари, сега на секој од нас останува да се погрижиме за своето здравје, да не изигруваме здравствени експерти на тастатура и дувни-ветре ликови во реалноста. Не може министерот да ни ги мие рацете или да стои на граница и да ни мери температура. Не дигајте паники и мијте раце. Многу е просто. Ви посакувам добро здравје <3

— реклама —

Р.Ѕ. Не се грижете за мене, не е ништо страшно, ќе помине. Сакам само да ви кажам да си го чувате здравјето!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања