Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Падна дел од фасада на зграда во Карпош, од Левица обвинуваат дека Општината со месеци не реагирала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Скопје
media-library3nt71vhkl0urewTE7IE

Дел од фасадата на станбена зграда на улицата „Јуриј Гагарин“ бр. 33 паднал во текот на вчерашниот ден, откако подолг период висел и претставувал опасност за жителите и минувачите.

— реклама —

За случајот информираат од Левица – Карпош, од каде посочуваат дека станарите во неколку наврати го пријавувале проблемот и предупредувале на опасноста, но надлежните не презеле мерки за негово отстранување.

— реклама —

Според информациите објавени од Левица – Карпош, делот од фасадата се распаѓал и паѓал при секој посилен ветер, а и покрај реакциите на жителите, проблемот останал нерешен сè до вчерашното паѓање на фасадата.

Од партијата упатуваат критики до Општина Карпош, обвинувајќи дека ова е уште еден пример за проблем што граѓаните го пријавуваат, но за кој општината не реагира навремено.

— реклама —

„Апелираме до надлежните да преземат итни мерки за санација на фасадата и да ја обезбедат безбедноста на жителите и минувачите. Граѓаните не треба со месеци да чекаат на решавање на проблеми кои директно ја загрозуваат нивната безбедност“, наведуваат од Левица – Карпош.

— реклама —

Од партијата бараат итна реакција од надлежните институции за санирање на фасадата и спречување на евентуални нови инциденти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

fasada

Штетa во Скопје од силниот ветер - падна дел од фасада во Козле

Скопје | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања