Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Падна Орбан, падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен“ – Филипче со порака до македонската власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја поздрави прогласената победа на студентската листа на парламентарните избори во Србија, оценувајќи ја како историска, а истовремено испрати порака за политичките случувања во Македонија.

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, напиша Филипче во објава на социјалните мрежи.

— реклама —

Со оваа порака, лидерот на СДСМ ги поврза политичките промени во Унгарија и изборните случувања во Србија со состојбите во Македонија, алудирајќи на можноста за промена на власта и во земјава.

— реклама —

Филипче изрази очекување дека Србија и Македонија ќе продолжат да ги развиваат билатералните односи.

„Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка“, порача тој.

— реклама —

Во продолжение упати порака до македонските граѓани, најавувајќи политичка борба против актуелната власт.

— реклама —

„На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група“, напиша Филипче.

Неговата реакција следува по признавањето на изборниот пораз од Александар Вучиќ и објавувањето на прелиминарните процени според кои студентската листа освојува парламентарно мнозинство. Конечните резултати од изборите во Србија треба да ги потврди Републичката изборна комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4vga89r95vis6Q7ERoC

Филипче: Зад владините бајки се кријат задолжувања и осиромашување на граѓаните

Слајдер | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 4 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања