Падна првата оставка по пожарот и четиринаесете изгубени животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
70C3D544-502A-417F-898F-BFCCA9A903BB

Директорот на Клиничката болница Тетово, Флориј Бесими даде оставка од функцијата по два дена откако изгоре модуларната болница

— реклама —

„Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи“, напиша Бесими на својот профил на Фејсбук, соопштувајќи дека дава оставка од раководното место.

— реклама —

Тој се надева дека истрагата ќе заврши брзо по што ќе се знаат причините за пожарот.

— реклама —

„Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле. Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста. На повредените им посакувам побрзо да закрепнат! Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга. Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани“, пишува Бесими.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

albanija

Албанија уапсени 14 лица и запленет милионски вреден имот и пари, спроведена голема акција против албанска нарко организација

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2021-09-19-111942

(ВИДЕО) СПЕКТАКЛ: Ерупција во Исланд трае шест месеци

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Македонија | пред 4 години

w_56674011

Четвртa на светската листа по смрност од корона е Македонија

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања