Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Падна“ уште еден полицаец: колегите му го претресоа домот, му најдоа пушки и куршуми кои ги поседувал без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
oruzje

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З. Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

„Имено, на 26.12.2023, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки „црвена застава“, ловечка пушка „бенели арми“, ловечки карабин „бровинг“, ловечка пушка „берета“, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми во разновиден калибар и 22 ловни патрони. А при претрес во просториите што ги користи неговото правно лице биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка“, пушка „крико“ и пушка „берета“.

— реклама —

Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор и во согласност со член 214 од колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З. Ц. од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf7bsr2pnhd7hef3EqPT

(Видео) „Сеатот“во Аеродром не возел во спротивна насока, од ударот се завртел на коловозот -

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
media-library7p0s9d0mb6c83MHNRLd

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра, приведени се возачот и патник

Македонија | пред 5 часа

media-libraryd8oisjli118a5SIv6f7

(Видео) МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во акција против кражба на дрва во Арачиново

Скопје | пред 7 часа

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Уапсени 14 возачи: осум биле без возачка

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања