Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Падна Владата на Украина, парламентот ја прифати оставката на премиерката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Украинскиот парламент денеска ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко, со што автоматски престана мандатот на целата Влада на Украина.

— реклама —

За прифаќање на оставката гласаа 258 пратеници во Врховната рада. Пред гласањето, Свириденко им се заблагодари на пратениците за соработката во изминатата година, како и на претседателот Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја укажал.

Претседателот на парламентот, Руслан Стефанчук, претходно соопшти дека оставката на премиерката официјално била доставена до Врховната рада.

— реклама —

„Му благодарам на Јулија Анатолиевна за работата во исклучително тежок период за државата, за придонесот во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на Украина кон Европската Унија“, изјави Стефанчук.

— реклама —

Претседателот Зеленски претходно најави реконструкција на Владата како дел од новата политичка стратегија, која предвидува и промени во раководството на безбедносните и правосудните институции.

Свириденко беше избрана за премиерка на 17 јули 2025 година.

— реклама —

Според украинските медиуми, гласањето за составот на новата влада се очекува да се одржи на 16 јули. Дотогаш, функцијата премиер привремено ќе ја извршува првиот вицепремиер и поранешен премиер Денис Шмихал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања