Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Паднатиот кров во детската градинка е резултат на фушерајското работење на СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
287082423_578964550254544_7161425621898826916_n

Паднатиот кров во детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 е резултат на фушерајското работење на владата на СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Секаде каде што СДСМ и ДУИ гледаат бизнис интерес работите пропаѓаат после некое време, заради неквалитетна изведба. Исплатија огромни суми на пари на фирма блиска до ДУИ, за резултатот после повеќе од година и пол да е паднат кров.

— реклама —

Така е кога наместо да градат, тие крадат!

Цела среќа е што настанот се случил за време на викенд и никој од дечињата и вработените не биле присутни, но прашањето е кој ќе преземеш одговорност доколку имаше повредени или жртви?

— реклама —

Устата им е полна со фалење дека грижата кон најмладите ја покажуваат преку изградба на детски градинки, но единствено што покажуваат е нивната неспособност и неодговорност.

Заев, Богоев, Царовска и Шахпаска трчеа кој попрво да се слика, а сега бегаат и не одговараат како пуштиле во употреба објект за кој се отвора сомнеж дека е неисправно изграден?

Власта да одговори уште колку вакви објекти има направено фирмата миленик на ДУИ, и дали е точно дека според информациите кои се јавно достапни на Електронскиот систем за јавни набавки истата фирма од 2017та година до 2021 добила тендери од општините каде што градоначалниците беа од СДСМ и ДУИ и други државни институции во вкупна вредност од над милион ипол евра?

— реклама —

Ќе понесе ли одговорност изведувачот на објектот, колку ќе чини и од чии пари ќе се плати санацијата на истиот?

Одговорност мора и ќе има.

— реклама —

Крадењето на СДСМ и ДУИ е неиздржливо за граѓаните.

Премногу е! На протест на 18 јуни во 20 часот пред Влада, за да се спротивставиме на сите штетни политики и да се избориме за промени и подобро иднина за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања