Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пајак „црна вдовица“ каснал жена додека работела на нива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryrjsq5tkig3theNztDju
unsplash / Илустрација

Шеесет и едногодишна жена од Велес била касната од пајак „црна вдовица“ додека работела на нива во велешкото село Еловец.

— реклама —

По каснувањето почувствувала силна болка во раката и грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што била пренесена во Ургентниот центар во Велес.

— реклама —

Лекарите веднаш ѝ укажале медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, нејзината состојба била стабилизирана. По извршените прегледи, таа била пуштена на домашно лекување.

— реклама —

Пајакот бил донесен во болницата, каде што било потврдено дека станува збор за „црна вдовица“.

Од Општата болница во Велес велат дека не паметат ваков случај во последните четири децении. Посочуваат дека „црната вдовица“ живее во карпестите предели на Велешко, а нејзиниот отров е силен невротоксин кој може да предизвика силни болки, мускулни грчеви, потење и мачнина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања