Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пајо Авировиќ поставен за Специјален пратеник на Претседателот при Постојаниот совет на Меѓународната Организација на Франкофонијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pajo-avirovic

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потпиша указ за поставување на Пајо Авировиќ на должноста Специјален пратеник на Претседателот на Република Северна Македонија при Постојаниот совет на Меѓународната Организација на Франкофонијата.

— реклама —

Амбасадорот Пајо Авировиќ е актуелен директор на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, каде работи повеќе од две децении. Во текот на својата професионална кариера бил амбасадор во Државата Израел (2009-2011 и 2014-2018) и шеф на постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите нации во Њујорк (2011-2014).

— реклама —

Дипломирал Ориентална филологија – турски јазик и книжевност и арапски јазик и книжевност на Универзитетот во Сараево, магистрирал Ориентална филологија на Универзитетот во Белград, а се образувал и на Националната школа за администрација во Париз - ЕНА.

— реклама —

Покрај мајчиниот македонски јазик, како и српскиот јазик, Авировиќ зборува и англиски, француски, германски, турски, хебрејски и арапски јазик.

— реклама —

фото: 24 Инфо

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања