Промени тема
Контакт

Пак наплати со „пари на рака“ во ноќните линии на ЈСП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
avtobus-skopje

Поминаа пет дена, ЈСП молчи заедно со директорот Драги Кушовски, а праксата во автобус да се наплаќаат билети по 50 денари – продолжи. И вчера, патници за „Скопје1“ сведочат дека им биле приморани билети да платат кај возачот. За разлика од претходното сведоштво, сега парите се плаќаат кај шоферот на автобусот.

— реклама —

„Кажуваат оди кај возачот да извадиш билет, се плаќа по 50 денари, а не знам дали им даваше билет. Не видов никој да плаќа преку апаратчето“, вели читател за „Скопје1“.

Неспорно е дека во ноќните линии не важат слободните карти, но плаќањето во автобусите е регулирано да биде електронски, а билетите беа исфрлени од употреба. Во случајов, повторно има наплати директно во автобус.

— реклама —

„Скопје1“ уште пред една недела упати прашања на оваа тема до директорот на ЈСП, Кушовски, но тој, исто како и на другите медиуми – не испрати одговори. Меѓудругото, во текот на оваа недела имаше и повеќе расипани автобуси низ градот. Побаравме одговор дали ќе сноси одговорност при сериозна несреќа, со оглед дека се дозволува вакви автобуси да возат низ градските улици. Од него – молк.

— реклама —

За потсетување:

— реклама —
Screenshot-2024-09-23-at-10.36.33

(Видео) Нов скандал го тресе ЈСП: Патници сведочат на изнуда на пари за да се возат со ноќна линија, снимени и наплаќачите

Нелегална наплата на билети се прави во автобусите на ЈСП, тврдат патници кои се возат со ноќните линии. Повеќе вакви видеа се појавија на мрежата „Тикток“, а во нив, претежно млади лица, велат дека на врата им се бараат по 50 денари за да можат да се превезат. Во спротивно, треба да го напуштат автобусот. „Не даваат да влезеш ако не платиш. Тие знаат дека луѓе немаат како да се вратат и им плаќаат. На секоја постојка чекавме по 10 минути, за да наплатат по 50 денари! И други реагираа, дека имаа

Скопје | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања