Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пак покачени цени на горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 2.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,270%, кај дизелот има намалување за 0,509%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,359% и кај мазутот намалувањето е за 0,804%.

— реклама —

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146%

— реклама —

Од 6.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

— реклама —

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,352 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,087 ден/кг и сега ќе изнесува 41,352 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања