Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пак различни толкувања: Незири од ДУИ ќе си остане дома, оти обвинителот смета дека не може да се жали во Апелација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Препукувањата и различните толкувања на Обвинителството и Кривичниот суд за случајот М-НАВ продолжија. Останаа различните ставови во однос на одредувањето притвор, а сега, нови разединувања има за тоа дали обвинителот може да се жали до Апелација што Беким Незири од ДУИ заедно со тепачите, не доби ефективен, туку домашен притвор. Обвинителството јасно укажува дека таква можност не постои.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија. Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд. За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката“, велат од Обвинителството.

Вчера пак, кога судијата на претходна постапка одреди куќен притвор за Незири и другите осомничени, кажа дека жалба може до Апелација.

— реклама —

„Надзорот над куќниот притвор, согласно решенијата е во надлежност на МВР, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, соопштија од Кривичен суд.

— реклама —

Судирот на ставови и одлуки на Кривичен и Обвинителство трае подолго време.

— реклама —
WhatsApp-Image-2024-01-05-at-21.23.48

Вината што нема притвор за Беким Незири префрлена кај обвинителот, судиите се правда дека не добиле документи за да определат притвор

Судиите кои го оставија на слобода Беким Незири и тепачите кои влегоа во М-НАВ, вината за нивната одлука ја префрлаат кај Обвинителството. Преку соопштение, тврдат дека обвинителот не доставил документи за да тие навистина имаат простор да ги стават зад решетки осомничените во истрагата.„Имено, неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопхо

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања