Промени тема
Контакт

Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра дава реални и видливи резултати, како и сите претходни владини мерки, тврди СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

СДСМ обезбедува 400 милиони евра помош – ВМРО-ДПМНЕ троши 1,2 милиони за партиски вработувања, вели СДСМ.

„СДСМ преку Владата што ја предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и одговорно штеди, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ расипнички се однесуваат со парите на граѓаните.

Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра во насока на заштита на стандардот на граѓаните и помош на компаниите да ја задржат својата ликвидност и конкурентност веќе дава реални и видливи резултати, како и сите претходни владини мерки.

Но, кризата како да не важи за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Само пет скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба ќе потрошат над 1,2 милиони евра за вдомување партиски кадри.

— реклама —

Во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза.

— реклама —

Истите тие градоначалници бараат пари од Владата и се закануваат со радикализација.

Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари за овие 5 општини. Со 1,2 милиони може да се реализираат важни проекти, може да им се помогне на граѓаните во време на криза, на јавните претпријатија.

— реклама —

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ очигледно им е најважна партизацијата на општините, отколку потребите на граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија останува симбол на криминал и расипништво, партија која не работи за добробит на граѓаните, ниту за напредок на општините.“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори“, вели СДСМ

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Македонија | пред 17 часа

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните идиоти

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ со остри обвинувања до Мицкоски: „Баш арамија!“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања