Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Палевски е уапсен оти пуштал прислушкувани разговори на разглас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
palevski-2

Љупчо Палевски и уште две други лица, едно од Битола, а едно од Прилеп, синоќа на собир на отворено во Прилеп на разглас пуштале телефонски разговори во кои наводно зборуваат актуелни и поранешни функционери, објави порталот ПлусИнфо.

— реклама —

Тројцата денеска биле задржани на разговор во полициска станица, а информацијата ја потврдуваат и од МВР.

– На 05 април 2019 во Полициската станица Прилеп задржани се три лица Љ.П. (55) од Тетово, Т.М.(44) од Битола и Г.Н. (49) од Прилеп поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушкување и тонско снимање“ казниво по член 151 став2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија – велат од МВР за Плусинфо.

— реклама —

Од настанот на социјалните мрежи имало и пренос во живо и според она што може да се слушне од тоа видео, за еден од разговорите кои биле пуштени, се тврди дека е од 2012 година, а наводно го водат поранешната и актуелниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и Оливер Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања