Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Палевски го спори времето на убиството на Жежовски, а тврди дека не бил таму кога е ликвидиран велешанецот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vanja-pance-palco-sudenje-5

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати обвинување дека Кривичен суд, дека бил киднапиран од нив. Тој рече дека шест дена бил во притвор без никакво решение, а потоа, бил однесен во судот пред судија на претходна постапка и обвинителката која го застапува предметот. Пред судијата Ивица Стефановски, Палевски објаснуваше што правел на 22 ноември, денот кога е убиен Панче Жежовски. Тој го спореше времето кога е убиен велешанецот, посочувајќи дека во кривичната пријава на МВР стои 21:30, а во обвинението стои 09:30 минути.

„Бев со кучето Хера во дворот, разговарав со член на оградата. На тој ден сум немал состанок со Манев и Видевски бидејќи од причина што, во посоченото време кога се тврди дека стигнале од месноста Рудник во штабот, јас разговарам со Миле, секретар на партијата. Моментот на смрт на Панче Жежовски до денеска не е утврден, докажано е дека поминуваат возилата кај ‘Ромакнтик’, но како пресметале кога е убиен? Не дадоа докази. Она што е сигурно е дека Кешишев во 10:30 минути поминал покрај ‘Романтик’, како успеале, според тврдењата на Обвинителството, да го убијат Панче и да се возат во шок и бессознание до Маџари, да се претовараат во „Реното кангу“ и во 11:47 да разговараат на телефон? Физички е невозможно. Затоа на 24 ноември се враќаат во Рудник, според исказот на Манев, да затрупуваат. Дали е тоа грижа на совест, не знам, но постои можност и тогаш да е убиен Панче. Според камерите од ‘Романтик’, ‘цитроенот’ во 10:30 минути се уште е во Велес“, рече Палевски.

— реклама —

Во неговиот исказ тврди дека моторолите кои се гледаа на камерите од дворот на обвинетиот Велибор Манев, биле употребени кога барале злато кај Демир Капија. И според него, ова е последен пат кога ги видел.

„Целата организација на тој настан е од Велибор Манев, инсистираше јас и Влатко Кешишев да бидеме присутни, а тој и Боре Видевски проверуваа во пештерата во близина на Вардар. Тогаш за прв и последен пат видов моторола која од автомобилот ја извади Манев. Ми даде мене, на Влатко и другата ја понесоа со себе. Времето на тргнување од Демир Капија кон Велес е истото со времето на видеото кое Обвинителството незаконски го приложи како доказ. Задржувањето во Демир Капија и потпишувањето на записникот за одземање на оружјето, идентично одговара – 07:10 кога се гледа на видеото од Обвинителството.  Со настанот се утврдуваат три важни работи – пиштолот, времето и моторолите, а до Демир Капија отидовме со возилото на Велибор Манев“, посочи Палевски.

Рочиштето заврши, следното е закажано за во среда, кога Палевски ќе продолжи со давање исказ. Според обвинението, Палевски е планер и реализатор на двете убиства, како на Панче Жежовски, така и на Вања Ѓорчевска. Досега беа презентирани снимки од видео надзори, беа сослушани сведоци, беа предочени материјални докази.

— реклама —

ПРЕТХОДНО:

— реклама —
palevski-palco

(Видео) Палевски сведочи: Ниту сум монструм, ниту сум убиец, киднапиран сум од судот, медиумите се корумпирани

Љупчо Палевски-Палчо почна да го дава својот исказ за обвинението каде се гони дека направил план и ги убил Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На стартот почна да објаснува што правел во ноември, месецот кога се реализирале двете ликвидации. Неговата теорија е дека тогаш објавувал многу сензитивни документи, кои ги објавувал сам и на своја одговорност. Во одговор на првото прашање го даде и одговорот, зошто го одложил поткастот на 26.11, ден пред Вања да биде убиена.Адвокатот Јовица Страшевски: Па

Македонија | пред 1 година

vanja-gjorcevski-aleksandar-

(Видео) Таткото на Вања: „Цитроенот“ стана сомнителен оти се движеше изгубено, полека, а на телефонот на Вања пратив две пораки

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, доби неколку прашања од судот во поглед на обвинението кое му се става на товар. Најпрво, се интересираше како биле обезбедувани снимките со видео записите на кои се гледаат движењата на двете возила „циторен“ и „рено кангу“, со кои било извршено киднапирањето. Потоа, објасни и како украдениот „цитроен“ за него станало сомнително.Судијата Ивица Стефановски: Може ли да кажете кога Гоце дојде кај вас?Обвинет Александар Ѓорчевски:

Македонија | пред 1 година

— реклама —

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Палевски во Турција дознал дека е осомничен пред да го апсат, но не се вратил со возачот, туку отишол на бензиска па во пицерија и размислувал што да прави

Љупчо Палевски-Палчо обвинет за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го убедуваше судот дека не бегал од Македонија по двата грозоморни настани. Истовремено, тој кажа дека на 03 декември 2023 година дознал дека е осомничен, но утредента сепак не заминал за Македонија со возачот Стефан Димковски, туку останал во Турција. Потоа, појасни дека на 04 декември, отишол на бензиска да размисли што да прави, па во пицерија за да руча.Адвокатот Јовица Страшевски: Дали сте учествува

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања