Фудбалерот на Челси, Кол Палмер, призна дека првиот вистински летен одмор во неговата професионална кариера не му годел онолку колку што очекувал, бидејќи по шест недели едвај чекал повторно да се врати на теренот.
Откако не беше повикан во составот на Англија за Светското првенство, Палмер конечно доби можност за подолг одмор, кој го поминал со семејството во Марбеља.
„Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова. По шест недели ми стана здодевно. Постојано проверував кога се враќаме и едвај чекав повторно да почнеме“, изјави Палмер.
Тој додаде дека изоставувањето од списокот на селекторот Томас Тухел за Светското првенство му претставува дополнителна мотивација за новата сезона.
„Кога некој практично ќе ви каже дека не сте доволно добри за репрезентацијата, тогаш си велите: ‘Во ред, ќе работам уште повеќе’“, рече англискиот репрезентативец.
Палмер откри и дека проблемите со повредата на препоните влијаеле на неговите настапи минатата сезона, но по седум недели пауза повторно се чувствува подготвен за настапи.