Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Панчев: Жал ми е што не отидов во Англија, мислам дека тој стил на фудбал повеќе би ми одговарал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Спорт
media-librarynkbtb5tifkedb1SUnZF

Некогашниот центарфор Дарко Панчев се присети на своето доаѓање во редовите на „црвено-белите“.

— реклама —

„Моите соништа се остварија во дресот на Вардар. Во Звезда дојдов со 23 години и добра репутација. Тогаш играв за репрезентацијата, а очекувањата беа големи кога пристигнав во Белград. Разликата беше што Звезда беше подобро организиран клуб од Вардар, со повеќе навивачи. Искрено, од Белград носам само позитивни сеќавања“, започна Панчев во разговорот за „Flashscore“ и додаде:

— реклама —

„Врвот секако беше освојувањето на Купот на шампионите. Имаше притисок кога изведував пенал, но само додека трчав кон топката. Откако ја зедов и ја поставив на белата точка – не почувствував ништо. Искрено, не сум играч кој претходно избира страна, туку гледам кон голманот и чекам да се помести.“

— реклама —

Сè уште смета дека направил голема грешка со заминувањето во Интер.

„Многу клубови тогаш ме сакаа – Барселона, Милан, Манчестер Јунајтед и Интер. Меѓутоа, тогаш немавме информации како денес. Доколку знаев она што знам сега – немаше да одам во Интер, туку во офанзивен тим. Дојдов во екипа која игра исклучително дефанзивно, а тоа е смрт за напаѓач.“

Големиот Алекс Фергусон сакал да го доведе. Шкотот бил фасциниран од генерацијата на Звезда од Бари.

„Фергусон го обожаваше нашиот тим од Белград. Бевме како Барселона со Меси, Иниеста и Чави. Искрено, жал ми е што не отидов во Англија. Мислам дека тој стил на фудбал повеќе би ми одговарал“, рече Панчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања