Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Панчевски за Фокус: Не сум добил покана за рочиште во велешкиот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Pancevski-so-sudot-2

Велешкиот суд го одложи првото рочиште за обвинетиот поранешен претседател на кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски. Причина за одлагањето на денешното судење е што иако на Панчевски двапати му била испратена покана, но тој не ја добил, објави Фокус.мк

– Немам примено покана, ниту обвинение немам причина да не се јавам пред судот, очигледно е дека се работи за прогон на политиката на власт врз мене како судија бидејки за обвинителен предлог до сега не чуено е да се праќа полиција за обезбедување присуство на прво рочиште за кое дознавам од медиумите. Сега дознав дека судењето е одложено за 18-ти ноември но тоа од медиуми што не се смета за законска и уредна достава. Судот Велес е определен незаконски и спротивно на праксата на Врховниот суд, кога дознав и за денешното рочиште од медиуми пратив барање до судот во Велес да ја преиспита својата надлежност за што е доставена и судска пракса на Врховниот суд во вакви случаи. Праќањето на полиција за прво рочиште ја отсликува реалноста на прогонот и инструираната судска постапка единствено нешто што барам е својата одбрана да ја дадам пред независен и непристрасен суд. Денес и вчера се објавија многу невистини и лажни ексклузивности кои потекнуваат токму од судијата кој го води предметот во Велес, доколку судијата била доблесна ќе ја известела јавноста дека сме генерација од факултет сме имале дружби, а контактите продолжиле и како судии и по семинари во земјата и во странство за што има и фотографии. Со уреден прием на покана за следното рочиште ке започне и судењето за кое гледам јавноста е жестоко заинтересирана, вели Панчевски за Фокус.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања