„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Пандов за приведувањето во полиција: Првпат влегувам во станица, не сум имал искуство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Aleksandar-Pandov

Во текот на вчерашниот ден при контрола на Државниот пазарен инспекторат и полицијата во угостителски објект приведени биле новинарите Миленко Неделковски, Александар Митовски (Инфомакс), но и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов. Според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи приведени се 18 лица затекнати во угостителски објект во Стајковци поради непочитување на мерките за заштита.

Пандов за „360 степени“ потврди дека вчера заедно со Неделковски и Митовски биле на прослава по повод пензионирањето на Неделковски. Според него, во 21:25 часот тие веќе заминувале од локалот, но ги пресретнала полицијата и ги повикала да дадат изјави во полициската станица цо Гази Баба.

— реклама —

„Точно е дека јас и мојата партнерка бевме во локалот по повод пензионирањето на Неделковски. Јас на себе немав часовник, но мислам дека беше околу 21:25 часот или можеби и 21:30 часот и веќе бевме надвор пред локалот кога полицијата нè повика да отидеме да дадеме изјава. Беа сосема коректни во односот, ние отидовме дадовме изјава и тоа беше тоа. Јас првпат влегувам во полициска станица, претходно сум немал вакво искуство“, изјави телефонски Пандов за „360степени“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања