Панел дискусија „Финска како економија на знаење“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организира панел дискусија на тема „Финска како економија на знаење“.

— реклама —

На панел-дискусијата амбасадор на Република Финска во Србија, задолжен за Македонија и Црна Гора, Перти Иконен, пред македонската деловна заедница ќе ги претстави искуствата на Финска како економија заснована на знаење, при што фокусот ќе биде ставен на добрите практики на земјата во областа на образованието и функционирањето на јавната администрација.

— реклама —

Трибината е дел од активностите на Стопанската комора на Македонија за организирање трибина пред деловната заедница, на коишто се дебатира за теми релевантни за економскиот раст на земјата, користејќи ги при тоа искуствата на развиените економии во сектори и дејности што се од клучно значење за иницирање неопходни промени во економскиот модел на државата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања