Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Паника и шок на берзите во Азија: Тргувањето во Јужна Кореја привремено запрено по пад од над 8 проценти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx
unsplash

Берзите ширум Азија утрово бележат значителен пад, а најсилен удар претрпе јужнокорејскиот пазар, каде што тргувањето на берзата КОСПИ беше привремено прекинато откако акциите паднаа за повеќе од осум проценти.

— реклама —

Тргувањето беше стопирано на 20 минути поради систем кој се активира кога пазарот доживува нагли и драстични падови со цел да се спречи паника и дополнителна нестабилност.

— реклама —

По паузата, тргувањето продолжи, но индексот КОСПИ и понатаму бележи пад од повеќе од 10 проценти.

— реклама —

Ова е првпат од август 2024 година да биде активиран ваквиот заштитен механизам на јужнокорејската берза. Доколку падот на цените на акциите достигне 15 проценти, автоматскиот систем повторно ќе го прекине тргувањето.

— реклама —

Јужна Кореја е еден од големите увозници на нафта од Блискиот Исток, а нејзината економија, која во голема мера се потпира на извоз, е особено чувствителна на геополитички кризи кои можат да го нарушат транспортот на енергенси и трговските текови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8goqoccom6en8yTYGlq

Од бури и поројни дождови во Азија, загинаа повеќе од 600 луѓе, стотици се исчезнати

Свет | пред 6 месеци

— реклама —
1900423rusls

Поплави во Југоисточна Азија однесоа најмалку 129 животи – спасувачките служби трка со времето

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-11-at-17.36.19

Повеќе од 40 луѓе загинаа во воздушен напад на воената хунта во Мјанмар

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања